Was ist neu bei Lyoness

Што има ново во Lyoness ?




ОВА Е НОВО ВО LYONESS

Почитуван члену на Lyoness,

Дали ти се допаѓа новата интернет страница ? Ние не го ажуриравме само нашиот онлајн изглед!

Во текот на 2013 година, Lyoness прослави 10 години постоење – го искористивме тој јубилеј како повод да им предложиме нешто ново на нашите членови и Трговски Партнери. Враќањето пари при секое купување не беше веќе доволно!

Така се роди идејата за Shopping Points. Отсега, како дополнување на веќе докажаниот и вистински „Cashback”, автоматски собираш Shopping Points со секое направено купување. За нашите Трговски Партнери, се разбира, предлагаме нови услуги, со чија помош ќе може да ја користат Лојалната програма за потрошувачи уште поефикасно.

Иновацијата, се разбира бара и нов изглед. На тој начин, дојдовме до нашиот нов корпоративен дизајн, кој како што веќе си забележал на нашата интернет страница е насочен кон Shopping Points.

За да ти ги претставиме новостите, направивме краток преглед од истите.

Ти посакуваме многу забава со иновациите на Lyoness.
Пријатно пазарување,

Твојот Lyoness тим

 





Што претставуваат Shopping Points?

Вие автоматски добивате Shopping Points дополнително кон Вашиот Cashback при секое купување направено кај Трговските Партнери на Lyoness. Вашите Shopping Points можете да ги искористите на Lyoness.mk за атрактивни Shopping Point Deals кај нашите Трговски Партнери. Тоа значи дека отсега при секое купување кај Трговските Партнери на Lyoness профитирате двојно и како член на Lyoness добивате уште повеќе предности! Во Вашиот профил можете во секое време да проверите колку Shopping Points имате акумулирано.




Што ќе се случи со собраните лојални предности?

Лојалните предности кои досега се добиваа при секое купување, сега се претвораат во Shopping Points. Доколку веќе имате акумулирано одреден износ лојални предности, сега ќе пронајдете одреден број Shopping Points во Вашиот профил. Овие Shopping Points можете веднаш да ги искористите за атрактивни Shopping Point Deals кај нашите Трговски Партнери на Lyoness.com! Вашата предност: При секое купување кај некој од Трговските Партнери на Lyoness, Вие освен Cashback, сега наместо лојални предности добивате Shopping Points, кои исто така можете веднаш да ги искористите!




Каде да ги најдам моите членски податоци?

Во "Мојот Профил" можеш да правиш многу повеќе од тоа само да ги разгледуваш твоите членски податоци. Тука ќе најдеш преглед на моите купувања, твојот Cashback Card, твојот купени ваучери, твоите Shopping Points, направените Shopping Points Deals од твоја страна и многу повеќе. Ќе најдеш особено корисна функција во подесувања за известувањата во твојотт профил. Таму можеш самиот да одредиш какви информации сакаш да добиваш од Lyoness. Тоа значи дека можеш да управуваш со твоите пораки согласно твоите желби. Дали сакаш да добиваш Shopping Newsletters и newsletter-и на Lyoness Foundations? Дали сакаш да добиваш информации од Трговските Партнери на Lyoness или, пак, да добиваш известувања за понуди и Специјални понуди? Дали повеќе сакаш да добиваш информации по пат на e-mail или преку СМС ? Ти одбираш. Во секое време можеш да ги промениш подесувањата!




Што претставува мојата кошница за пазарување ?

На Lyoness.mk можеш да нарачаш голем број Ваучери на Трговски Партнери на Lyoness или Friendship Flyers. Секоја од твоите нарачки се додава во твојата Кошница за пазарување, и на тој начин не мораш да ја завршуваш секоја нарачка поединечно. Можеш да платиш наеднаш за сите твои нарачки- ќе ти биде поудобно и ќе заштедиш време! Можеш брзо да пристапиш до твојата кошница за пазарување - таа се наоѓа на десниот горен агол на интернет страницата на Lyoness.
Совет: За да можеш да ја видиш твојата кошница за пазарување, потребно е да бидеш најавен како Lyoness член.




Како да нарачам Ваучери на Трговски Партнери ?

Можеш да нарачаш Ваучери на Трговските Партнери на Lyoness многу едноставно на Lyoness.mk. Користи го полето Пребарување за да најдеш Трговски Партнери од кои сакаш да купиш Ваучери. Кога ќе го пронајдеш посакуваниот Трговски Партнер на Lyoness, се што е потребно е да кликнеш на "Нарачка на ваучери", а во формуларот за Нарачка на ваучери, можеш да одредиш колку ваучери сакаш да нарачаш. Потоа, можеш да ги ставиш во твојата Кошница за пазарување. Доколку однапред знаеш од кои Трговските Партнери сакаш да нарачаш Ваучери, можеш директно да ги внесеш имињата во формуларот за нарачка и да направиш нарачка за неколку Трговски Партнери одеднаш.




Што се случи со Cashback-от?

Го подобривме и олеснивме мобилното пазарување! Наместо да генерирате Мобилни Ваучери во апликацијата со мобилен Cashback како досега, сега можеш да одлучиш дали сакаш истите да ги добиеш дигитално (доколку се достапни во оваа форма) при нивната нарачка на Lyoness.mk. Доколку имаш купено дигитални ваучери, истите можеш да ги пронајдеш во „Мојот профил“. Бидејќи Lyoness.mk е оптимизиран за работа на мобилни уреди, нема потреба од користење на апликација, а ти ќе имаш целосен пристап до сите функции на интернет страницата и ќе можеш да ги нарачуваш твоите Ваучери секогаш и насекаде!




Каде можам да го најдам Lyoness Store?

Lyoness ти нуди широк Lyoness Merchandising Store, каде што можеш да најдеш уште поголем избор на производи! На Lyoness-Store.com ќе пронајдеш многубројни производи во категориите мода, додатоци, чанти, бизнис и спорт и се разбира при секое купување ќе добиеш Cashback и Shopping Points. Освен тоа, во Lyoness Merchandising Store ќе пронајдеш и тековни распродажби со кои можеш дополнително да заштедиш. Посети не и увери се!




Каде можеш да купиш Friendship Flyers?

Пријателски флаери (Friendship Flyers) можеш да нарачаш директно од твојот Lyoness Member Service. Што е доброто во врска со Пријателските Флаери? Новите Членови на Lyoness со флаерот ќе добијат Cashback Card во облик на кредитна картичка која ќе можат веднаш да почнат да ја користат кај Трговските Партнери! Време е да почнеш да собираш Cashback и Shopping Points! Ти ќе профитираш и од следново: секој пат кога некој од твоите нови Членови пазарува кај Трговски Партнер на Lyoness, ти ќе добиеш Пријателски Бонус!




Што се случи со Auto Cashback?

Auto Cashback има ново име – Easy Shopping. Затоа што сега ти ги добиваш твоите Ваучери од Трговските Партнери на Lyoness лесно, безбедно, автоматски и навремено секој месец – на тој начин добиваш исто така и Cashback и Shopping Points! Се што треба да направиш е целосно да го пополнш формуларот за Easy Shopping, да го испратиш на Member Service и да побараш траен налог во твојата банка кој ќе го покрие износот на твоите Easy Shopping нарачки. Така, секој месец автоматски ги добиваш твоите посакувани ваучери плус твоите Lyoness предности. Убаво и лесно!Пробај го Easy Shopping веднаш!




Дали се уште постојат кодови за ваучери ?

Како и секогаш, Lyoness има подготвено атрактивни понуди за тебе! Ќе најдеш кодови за ваучери, заедно со многубројни останати Понуди и ексклузивни специјални Понуди во “Добиј Понуди“. Таму те очекува совршен преглед како можеш да заштедиш уште повеќе пари кај Трговските Партнери на Lyoness, како дополнение на Cashback и Shopping Points. Погледни и профитирај многукратно!




Дали постојат други ексклузивни попусти?

Акумулираните Shopping Points можете да ги искористите за атрактивни Shopping Point Deals на Трговските Партнери на Lyoness, во менито „Искористување Shopping Points“. Oсвен тоа, во делот „Добиј понуди“ ќе пронајдете голем број ексклузивни акции од нашите Трговски Партнери, при што можете да профитирате од дополнителните поволности и предности при пазарувањето.




Што е новото во newsletter-ите ?

AОд овој момент можеш лично да одлучиш кои Newsletter-и на Lyoness сакаш да ги добиваш! Одлучи дали сакаш редовно да добиваш новости и акции за пазарување или да научиш повеќе за проектите на Lyoness Foundations. Подесувањата можеш да ги менуваш во Мојот профил.






Доколку имаш дополнителни прашања, контактирај го нашиот Support Center.

* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.