Услови за користење на услугата


Користењето на овој веб-сајт кој што е во сопственост на Лајонес ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст наречена LYONESS) се прави во согласност со посочените Услови за користење на услугата. Воeдно, со тоа во сила е договорот за постојани клиенти заедно со додадените Општи трговски услови на договорот за постојани клиенти. За трговските партнери е во сила склучениот договор за соработка со трговски партнери во прилог со Општите услови на договорот за соработка со трговски партнери. Корисниците на овој сајт декларираат, дека се согласни со Условите за користење и дека во никаков случај нема да бараат одговорност од LYONESS во врска со користењето на истиот. LYONESS има право периодично да ги обновува овие Услуги за користење, да внесува промени и дополнувања кон нив.

LYONESS ќе се потруди да публикува на овој сајт точна и актуелна информација. И воедно LYONESS не дава гаранција за податоците и информацијата, публикувана на сајтот. Корисниците се согласни дека, пристапот до овој сајт, неговото целосно користење, и информацијата, објавена внатре, се за сметка на корисникот. LYONESS не сноси одговорност за штети, создадени како резултат на пристапот, користењето на сајтот, соодветно невозможноста за користење на овој сајт или за евентуалните заблуди.

LYONESS го задржува правото во определени случаи да ја оневозможи достапноста на услугата и/или да го прекрати испраќањето на информациски материјали до одреден корисник, ако за тоа има оправдани причини.

За дејствија коишто се во противречност со законот или информација која стигнува со препраќање преку електоронски пат и којашто води преку овој сајт до други понуди во светската мрежа, како и за коментари, направени од лица со размена на мислења во нашите форуми, LYONESS носи одговорност само доколку не е во можност веднаш да ја отстрани оваа информација или да го блокира пристапот до неа. Информациски материјали со дискриминациона, неморална или противзаконска содржина можат да бидат елиминирани од LYONESS во секое време.

За дополнителни прашања во врска со Условите за користење на услугата и Општите трговски услови пишете ни на адресата office spam@gohere.go lyoness.mk

Лајонес ДООЕЛ Скопје
бул. 8-ми Септември 16/1
Бизнис Центар Хипериум 2-ри кат
1000 Скопје

тел:     +389 2 3090067
факс:  +389 2 3090068
E-mail: office spam@gohere.go lyoness.mk 
 


Ослободување од кривична одговорност


1. Lyoness Eurpoe AG и неговите друштва ќерки (нарекувани пократко “Lyoness”) не сносат никаква гаранција за актуелноста, вистинитоста, полноста, законитоста и/или квалитетот на представената информација. Ова важи и за сите продукти и услуги на оваа веб страница, вклучително и за описот на продуктите, цените, како и доставената информација за договорните партнери на "Lyoness". Технички грешки и/или дејствија по поддршката, както и други причини (пример: рестартирање на веб страницата) можат да доведат до привремено или подолгорочно ускратување на достапноста . "Lyoness" не дава гаранција за можностите за користење и достапност до веб страницата. Барања за обештетување од "Lyoness" за морални и материјални штети (на пример: пропуштени добивки, трошоци настанати поради неисполнети задолженија, штети за изгубени податоци, обиди за незаконско збогатување, адвокатски трошоци и такси за подготовка на договори) коишто се создадени поради користење на доставената информација, т.е користење на неточна или непотполна информација,
се во целост исклучени, додека не биде докажана предумисла или груба грешка од страна на "Lyoness". Сите понуди се без обврски ."Lyoness" го задржува правото да менува , дополнува , брише, или да ускратува за извесно време или целосна публикација на делови од веб страницата, како и на сите понуди или објави.

2. Освен тоа "Lyoness" не сноси одговорност за надворешни хиперлинкови и нивната содржина. "Lyoness" не дава гаранција за актуелноста, вистинитоста, законитоста или квалитет на хиперлинковите. "Lyoness" нема влијание врз актуелното идно оформување, содржина или авторство на хиперлинковите, коишто се биле променети од како бил создаден линкот, како и од странски регистрации во книгата за гости, форумите за дискусии и листите со е-мајл адреси, создадени од "Lyoness". Постојана контрола на содржината на веб страницата со хиперлинкови не се прифаќа без конкретни докази за прекршување на правата, но ако стане јасно, дека сепак има такви прекршоци, истите ќе бидат елиминирани веднаш.

3. Дозволено е користењето на оваа веб страница само со информациска цел, како и за лични и трговски цели. Целосната содржина на веб страницата е со гарантирани авторски права. Наредното важи независно дали содржината е достапна бесплатно или со плаќање. Забрането е копирање, користење, давање под наем, публикација или користење на друг начин на податоците коие се содржани во овој медиум без претходна писмена согласност од "Lyoness". Прекршувањето на оваа забрана може да доведе до правни последици, а воедно во однос на правото на марките, авторското право и правото на конкуренцијата. "Lyoness" експлицитно си ги задржува сите авторски права, правото врз трговските марки и правата за користење (право врз креативноста и одобрување за користење) кои се наоѓаат во оваа веб страница.

4. Lyoness обраќа големо внимание на грижливата и доверливата обработка на личните податоци. Ако во рамките на интернет предлогот е потребен и вовед на лични и службени податоци (е-мајл адреси ,имиња, адреси) и известувањето на оваа информација од страна на корисникот станува можно само со негова доброволна согласност.

5. Ова ослободување од кривична одговорност треба да се разгледува како дел од интернет понудата. Ако дел од текстот или соодветни формулации не одговараат на правната положба, целосно или во одредени делови, останатите делови од документот остануваат не засегнати од нивната содржина и валидност.

6. Понатаму, Lyoness не е одговорна за содржините кои ги генерира корисникот, а кои се дистрибуираат на нејзината интернет страница. Lyoness не одговара за штети, кои биле причинети поради овие содржини. Секој, којшто објавува коментари/оценки од каков било вид на интернет страницата, како автор ќе се смета за лично одговорен за објавата. Во случај на повреда на правата на трети лица, лицето што ги повредило правата ќе се осигура дека против Lyoness нема никакви штети ниту тужби. Ако Lyoness осознае содржини кои се противзаконски, кои ги прекршуваат прифатените морални вредности или ја рушат репутацијата на Lyoness на каков било начин, тогаш Lyoness го задржува правото, да ги избрише овие содржини; во овие случаи не може да се поднесат жалби против Lyoness.

* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.