04.08.2017

АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА КЕЈОТ НА ВАРДАР

Секојдневно сме сведоци на валканите површини во нашата околина. Поради тоа, решивме заедно со нашата Greenfinity Фондација да организираме Акција за чистење на која ќе учествуваат вработените во канцеларијата на Cashback World и нашите членови.
Сакате и Вие да допринесете за околината во која живеете?
Тогаш, придружете се на нашата Акција за чистење на кејот на Вардар во Скопје.

Датум: 02.09.2017
Почеток: 09:00 часот
Собирно место: На кејот на Вардар кај хотел Парк (позади Телеком Арена), Скопје


Се што треба да понесете со вас е ентузијазам и добро расположение, а ние ќе ви обезбедиме маици и потребна опрема за работа.

Ве молиме пријавете го Вашето учество најдоцна до 29.08.2017 на service.mk@cashbackworld.com или во inbox порака на нашата Facebook страница.

* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.