Правила за заштита на личните податоци

 


Ние, Заштитата на Вашите лични податоци ја сфаќаме многу сериозно и се стремиме кон тоа, да го направиме користењето на нашите услуги безбедно. Наша одговорност е да работиме во согласност со законските одредби за Заштита на личните податоци. Овие правила за заштита на личните податоци опишуваат кои податоци ние ги собираме од Вас и како ги заштитуваме истите. 

Содржина

  1. Област на важност
  2. Кои податоци се собираат
  3. Cookies
  4. Употреба на податоците
  5. Безбедност на податоците и нивно проследување
  6. Право на отповикување, информации, промена на податоци и контакт


Област на важност 

Овие правила важат за Членството во Lyoness, како и за интернет страницата на Lyoness достапна под http://www.lyoness.com. Ве молиме имајте предвид дека оваа страница може да Ве упати и кон други интернет страници на Lyoness во други земји, за кои можеби важат поинакви правила за заштита на личните податоци.


При понатамошниот развој на нашите интернет страници, а со цел да се подобри нашата услуга, може да биде неопхдно да се додадат ставки во овие правила за заштита на податоците. Во тој случај, ние однапред ќе Ве информираме во врска со тоа, со цел да добиеме Ваша посебна согласност.


Кои податоци се собираат

Во лични податоци спаѓаат сите податоци во врска со личните или фактички особености, кои ние сме ги добиле од Вас во рамките на Вашето Членство во Lyoness и кои можат директно или индиректно (на пр. преку Вашиот членски број) да Ви бидат припишани. Тука спаѓаат: Вашето име, датум на раѓање, адреса, телефонски број, E-Mail адреса, податоци за банката, како и податоците за Вашите купувања во рамките на Вашето Членство во Lyoness.

Cookies

Нашите интернет страници користат т.н. Cookies. Тоа се мали фајлови кои содржат текст и се зачувуваат на Вашиот компјутер, од каде можат повторно да бидат активирани. Cookies служат за да Ви овозможат да се најавите за нашите услуги и да го персонализирате Вашето присуство на интернет.


Вие исто така имате можност да користите дел од нашата понуда на интернет и без да се регистрирате, односно најавите. И во овој случај, одредени информации автоматски се зачувуваат, со цел да се соберат статистички податоци во врска со користењето и ефикасноста на нашата понуда на интернет, како и за да се прилагодат истите кон потребите на нашите корисници. Поради тоа, ние собираме информации во врска со Вашиот IP, времето и траењето на Вашата посета, бројот на Вашите посети, користењето на формулари и слично. Времето на чувањето на Cookies е различно. Ние најчесто користиме Cookies, кои по завршувањето на Вашата посета на нашата страница автоматски се бришат. Ние водиме протокол за секој пристап кон нашата интернет страница и за секое повикување на еден од фајловите на нашата интернет страница. Поставените Cookies служат исклучиво за наша информација и не се ставаат на располагање на трети страни.


Освен тоа, ние употребуваме Google Analytics за да ги опфатиме и утрвдиме Вашите Online активности на нашата страница, како и тоа колку корисници нè посетуваат на интернет и колку често се прегледуваат одредени содржини на нашата страница. Евалуацијата е анонимна. Cookies од Google Analytics се зачувуваат на Вашиот компјутер и можат да се евалуираат од страна на Googlе. Конкретно се применуваат Google Analytics Tool Anonymous IP, како и демографски податоци и интереси. Повеќе информации во врска со тоа можете да најдете на https://support.google.com/analytics/answer/6004245?hl=mk. На следната страница https://tools.google.com/dlpage/gaoptout?hl=mk  Google Analytics Ви нуди можност да го одбиете зачувувањето на податоци.

 


3

Параметар

Намена

Функција

lyo_it_accept_cookie

True

Ова Cookie служи за следење на согласноста на посетителите

За да се повлече согласноста, посетителот мора да го избрише ова Cookie од неговиот пребарувач

_utma
_utmb
_utmc
_utmz

Google Analytics

Овие Cookies служат за собирање на информации за тоа како посетителите ја користат интернет страницата (време, ден од неделата) и колку често го прават истото. Овие информации се користат за подобрување на услугата на интернет страницата

За повеќе информации, Ве молиме прочитајте ја Google Privacy

ASP.NET_SessionId

ID

Ова Cookie служи за индентификација на посетителот

ID бројот на сесијата ќе се зачува во едно Cookie

Lyo-Search-Settings

TreeType

Cookie за зачувување на приказот на пребарувањето

Саканиот приказ на резултатите од пребарувањето ќе се зачува во Cookie

lyo_box_account_info_settings

true/false

Cookie за отворање на податоци во прегледот на профилот

Со ова Cookie може да се активира т.е. деактивира прегледот на податоците на профилот

popup_lyoness3steps_closed

true/false

При првата посета ќе се појави Pop-up со информации за Lyoness

Cookie за управување со Pop-up. Штом се затвори, информациите повеќе нема да се прикажуваат при следната посета

 


Ве молиме обрнете внимание на тоа дека вообичаените интернет пребарувачи со стандардните подесувања прифаќаат Cookies. Вие можете да го подесите Вашиот пребарувач така што ќе ги одбивате сите или одредени Cookies или, пак, ќе бидете прашани пред да прифатите нов Cookie. Упатство како да го направите тоа, Ви нудат повеќето пребарувачи под менито „Помош“ во мени лентата. Таму ќе дознаете и како можете да ги избришете веќе зачуваните Cookies.


Ве молиме имајте предвид, дека доколку не прифатите Cookies, можно е да не Ви бидат достапни сите функции на нашата интернет страница.


Со тоа што ја користите нашата интернет страница, Вие се согласувате со користењето на горенаведените Cookies.

Употреба на податоците

Lyoness ги користи Вашите лични податоци исклучиво во согласност со законските одредби. Личните податоци, кои Вие ни ги ставате на располагање при Вашата регистрација како Член на Lyoness, како и за време на Вашето Членство, ние ги собираме и обработуваме исклучиво во рамките на исполнувањето на нашите договорни обврски кон Вас, како и во случаите за кои сте ни ја дале Вашата согласност. 


Ние ги користиме Вашите податоци за комуникација со Вас, за да го потврдиме Вашиот идентитет, како и за да можеме да Ви го ставиме на располагање Вашиот личен членски профил на интернет страницата на Lyoness, со цел да можеме да ги обработиме Вашите барања и нарачки и да Ви ги ставиме на располагање нашите услуги. Освен тоа, ние ги користиме Вашите лични податоци со цел да ги утврдиме и да Ви ги доделиме Вашите Членски предности од учеството во Лојалната Програма на Lyoness.


Доколку имаме Ваше посебно одобрување, ние ќе ги употребиме Вашите лични податоци и со цел да Ве информираме на пр. за понудите и акциите на нашите Трговски Партнери.

Безбедност на податоците и нивно проследување

За заштита на Вашите лични податоци ние меѓу другото користиме и енкрипција при преносот на податоци (SSL-енкрипција), Firewall, програми за заштита од хакери и останати безбедносни мерки согласно актуелната состојба на техниката.


Употребата на Вашите лични податоци во основа се врши од Lyoness Europe AG како договорна страна на Членовите, којшто за таа цел ќе ги користи регионалните подружници, како и Lyoness Group AG за обработка на личните податоци. Проследувањето на Вашите лични податоци, како што е дадено подолу, може да биде извршено и од страна на одредени провајдери на услуги, како и од страна на компаниите во рамките на Lyoness групацијата:


За извршување на нашите услуги, комуникација со Членовите и за управување со нашето  Online присуство, ние можеме да ангажираме и одредени провајдери на услуги. Ние Ве уверуваме дека овие провајдери на услуги ги одбираме внимателно со цел да се обезбеди соодветна и безбедна обработка на податоците. Освен тоа, ние ги обврзуваме провајдерите на услуги, да ги употребуваат Вашите лични податоци исклучиво според нашите инструкции и согласно австриските одредби за заштита на личните податоци. Се исклучува каква било друга употреба на личните податоци од страна на овие провајдери на услуги. 


Освен тоа, ние можеме да ги проследиме Вашите лични податоци под гаранција на потребните мерки за заштита на личните податоци во рамките на Lyoness групацијата, доколку тоа е неопходно за електронска обработка, управување или за обезбедување на конкретна услуга. Компаниите во Lyoness групацијата се исто така задолжени да ги употребуваат Вашите лични податоци исклучиво за конкретните цели и согласно австриските одредби за заштита на личните податоци. Точна листа на сите компании во рамките на Lyoness групацијата, можете да најдете на следната интернет страница: http://www.lyoness-corporate.com/mk-MK/Unternehmen/Organisation/. Ова се однесува особено за следните услуги: воспоставувањето контакт преку електронски пораки (на пр. E-Mail или СМС), преку социјални медиуми (како  Facebook итн.), преку телефакс, телефон или писмо за информирање во врска со производи и акции на Трговските Партнери, за идентификување на понудите, кои одговараат на Вашите интереси, за спроведување анкети, за работа на сервисните линии, како и за обработка на трансакции. Доколку тоа е неопходно за да Ви се обезбеди некоја конкретна услуга, ние ќе му ги проследиме потребните лични податоци за обезбедување на услугата на Трговскиот Партнер. Трговските Партнери имаат обврска кон нас да ги користат Вашите лични податоци исклучиво за конкретната цел и согласно австриските одредби за заштита на личните податоци.


Lyoness е меѓународно активна групација. Нашите деловни активности, менаџмент структури и нашата техничка инфраструктура ги надминуваат границите на земјата. Поради тоа, ние можеме да ги проследиме Вашите лични податоци и во странство. Проследувањето на Вашите лични податоци во земјите членки на Европската Економска Област, во Швајцарија и во други земји со соодветна заштита на податоци (§ 12 точка 2 од Законот за заштита на лични податоци 2000) не подлежи на дополнителни одобрувања. Доколку проследувањето на Вашите лични податоци треба да се изврши во други земји,  кои не спаѓаат во горенаведените, тогаш ние однапред ќе побараме Ваша посебна согласност.  


Ние нема да им ги проследиме Вашите лични податоци на други лица, кои не спаѓаат во горенаведените Трговски Партнери, провајдери на услуги и компании на Lyoness. Проследувањето на податоци, кое би можело да биде потребно за цели на спроведување на договорот, зависи од Вашата посебна согласност.

Право на отповикување, информации, промена на податоци и контакт

Вие имате можност во секое време да ја отповикате Вашата согласност за идна употреба на личните податоци, во секое време без да наведете причина за тоа. Таквото отповикување резултира со неможност за понатамошната употреба на податоците.  Отповикувањето треба да биде испратено по писмен пат (писмо, факс или E-Mail) на следната адреса:


Лајонес ДООЕЛ Скопје

Бул. 8-ми Септември 16/1
Бизнис Центар Хипериум 2-ри кат
1000 Скопје
Tелефон: +389 (0) 2 30 900 67
E-Mail: office@lyoness.mk


Доколку имате прашања во врска со употребата на Вашите лични податоци, како и за да ги ажурирате или коригирате Вашите податоци, Ве молиме обратете се на оваа адреса.


 

Заштита на лични податоци во порталот за работа

 


Lyoness се залага за еднакви можности за сите вработени без разлика на полот и се гордее со разновидноста во тимот! Сите квалификувани апликанти и апликантки подлежат на процес на селекција без дискриминација по основ на етничкото потекло, бојата на кожа, религијата, полот, сексуалната ориентација, националноста, инвалидитетот или
возраста.

Кои податоци се собираат

Бидејќи кај www.lyoness-corporate.com станува збор за меѓународен портал за работа, во кој се нудат сите отворени позиции во сите подружници и фирми-ќерки на Lyoness групацијата, можно е прво да морате да ја одберете земјата во која сакате да работите. По овој предизбор, ќе дојдете до делот за конкретната понуда на работни места за таа земја. Точна листа на сите фирми во рамките на Lyoness групацијата, дел од кои секако се наоѓаат во странство, ќе најдете на следната интернет страница: http://www.lyoness-corporate.com/de-MK/Unternehmen/Organisation/


Доколку се пријавите за една од отворените позиции на нашата интернет страница, од Вас ќе биде побарано да пополните формулар за апликација односно да ги прикачите фајловите на интернет.
Личните податоци, кои ние ги собираме од Вас и ги зачувуваме, се Вашата титула, име, презиме, адреса на живеење, улица, поштенски број и место, датум на раѓање, мајчин јазик, националност, E-Mail адреса, телефонски број, завршено образование, очекувања за плата, бруто годишна плата и рокот кога најбргу би можеле да започнете. Понатаму, можете да ги наведете Вашите особени познавања и квалификации, како познавања од областа на компјутерите, странски јазици и слично. Освен тоа, можете да наведете и податоци во врска со Вашето досегашно образование, работно искуство итн.


Освен тоа, Вие имате можност да прикачувате фајлови на нашиот сервер, како на пример Вашето CV,  мотивациско писмо, фотографија, свидетелства и други документи релевантни за работното место.
Вие, исто така можете да ни испратите и порака преку предвиденото поле за текст за таа намена.


Бидејќи Lyoness е свесен дека согласно националната правна положба, не сите наведени лични податоци смеат да бидат побарани, како задолжителни полиња се означени само минимален број на навистина неопходни полиња, како презиме и адреса за контакт. Вашите лични податоци ќе се користат само за обработка на Вашата апликација.


Со користењето на порталот за работа на Lyoness, Вие се согласувате со електронското зачувување и понатамошната обработка на Вашите наведени лични податоци во рамките на Lyoness групацијата.

Право на отповикување, информации, промена на податоци и контакт
Вие имате можност во секое време да ја отповикате Вашата согласност за идна употреба на личните податоци, без да наведете причина за тоа. Таквото отповикување резултира со неможност за понатамошна употреба на податоците. Отповикувањето треба да биде испратено по писмен пат (писмо, факс или E-Mail) на следната адреса:


Лајонес ДООЕЛ Скопје

Бул. 8-ми Септември 16/1
Бизнис Центар Хипериум 2-ри кат
1000 Скопје
Tелефон: +389 (0) 2 30 900 67
E-Mail: office@lyoness.mk


Ние со задоволство ќе Ве информираме за тоа кои податоци ги имаме од Вас како апликант. Освен тоа, Вие можете во секое време да ги промените или да ги избришете овие податоци. Доколку не сакате да ги зачуваме Вашите податоци по завршувањето на процесот на селекција, Ве молиме информирајте нѐ за тоа преку E-Mail на горенаведената адреса.

* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.