#РадостЗаПодароци

Идеи за подароци

За него

for him

За неа

for her

Деца

for her

Совети и трикови за Нова Година

Совршени божиќни колачиња

Кој не се сеќава на вкусните божиќни колачиња, чиј мирис веднаш ни причинува носталгија. За секогаш да Ви испаднат највкусни, Ви обезбедивме 5 совети за печење на најдобрите божиќни колачиња во Вашиот живот. Со лесно!

Мек путер

Ако путерот е премногу ладен, тогаш тестото може да не ја постигне најдобрата конзистенција. Путерот се остава најмалку 2 до 3 часа пред печењето на собна температура, за да омекне. Ако се брзате, тогаш изрендајте го путерот со ренде; на овој начин тој ќе омекне за неколку минути.

Свежи состојки

Тука се мисли на прашок за печива, ванилин шеќер и слично - со овие свежи состојки може да се гарантира совршено колаче. Не штедете при купувањето на состојките: колку е подобар квалитетот на состојките, толку е подобар квалитетот на колачињата.

Точни мерки.

Ова е важно особено за брашното. Ако во тестото има премногу брашно, тогаш колачињата ќе бидат суви и тврди. Кај печењето важна е прецизноста, бидејќи дури и најмалите измени ќе влијаат на крајниот резултат.

Користете хартија за печење.

Со хартијата за печење, не само што ќе заштедите време за чистење, туку ќе спречите колачињата да се залепат на плехот. Хартијата за печење делува и како изолација и спречува потемнување на колачињата. Професионален совет: веќе употребената хартија не мора веднаш да се фрла. Можете да ја користите неколку пати.

Се пече само еден плех во даденото време.

За да се обезбеди еднаква циркулација на топлината, не треба во исто време да се ставаат неколку плехови во рерната, туку секогаш да се става само по еден плех. Потрудете се плехот да го ставите на средина на рерната, освен ако не е нешто поинаку наведено во рецептот. Вака Вашите колачиња ќе бидат крцкави и уште толку повкусни,

Листа за проверка за новогодишните и божиќни празници

Празниците може да ни предизвикаат стрес, особено ако не сме добро подготвени. За да Ви олесниме, Ви подготвивме листа за проверка за празниците. Вака сите подароци ќе бидат навремено завиткани.

Еден месец пред Нова Година

Се купуваат честитки и хартија за виткање подароци

Сите што ќе почнат со време, ќе уживаат во сѐ уште големиот избор и во празниот простор за движење низ продавниците.

Се креира листа за купување подароци со вклучен буџет

Наместо да доживеете паника недела дена пред Нова Година, бидејќи не сте купиле подароци, а и немате пари, искористете го сега моментот да си направите листа со подароци и нивните приближни цени. На тој начин ќе имате преглед врз буџетот потрошен на подароци.

Online Shopping

Откако сте ја креирале листата, нарачајте веднаш сѐ што можете да купите онлајн. Вака ќе се осигурите дека подароците ќе пристигнат пред празницте.

Шшшш! Ако пазарувате тука, ќе добиете до 5% Cashback - a кога станува збор за буџет за подароци, секој денар е важен: https://www.cashbackworld.com/search/partner.

Расчистете ги украсите и купете нови

Прво сортирајте ги украсите од претходната година - има ли нешто скршено, нешто што треба да се замени, дали сакате оваа година да користите други бои? Штом тоа се заврши, може да се почне со шопинг.

Три недели пред Нова Година

Испратете честитки

За да Ви стигнат честитките на време, мора да ги испратите уште во првата недела на декември.

Украсете

Дојде време да ги покажете Вашите украси. Бидејќи минатата недела сѐ сте сортирале и купиле, сега тоа нема да биде проблем.

Финализирајте го менито за новогодишната/божиќната трпеза

Кога веќе знаете како ќе Ви изгледа трпезата и кој што јаде или не јаде од Вашите гости, преминувате на креирање на список за купување намирници

Две недели пред празникот

Се купуваат состојки за оброкот

Конзервите, зачините, житарките, тестенините и слично можете да ги купите со време, за кога ќе треба да купувате свежи состојки, тоа да оди побрзо и полесно.

Обезбедете ги подароците во последен миг

И покрај тоа што сѐ добро сте испланирале, сепак сте се сетиле на уште некого, кому би сакале да му дадете подарок? Две недели пред празниците е кнап време за купување подароци, но со ваучерите брзо и едноставно ќе го најдете вистинскиот подарок.

Топ совет: Ако купите наш eVoucher, за неколку секунди ќе добиете Cashback и Shopping Points за секое купување eVoucher!

Виткање подароци

Наместо да ја дочекате Новата Година со незавиткани подароци, Ви препорачуваме да почнете со виткање две недели однапред. А кога подароците се спакувани, никој не може да ги најде и да си го уништи изненадувањето.

Една недела пред Нова Година/Божиќ

Чистење Генералка

Вашите украсите сигурно ќе изгледаат поубаво на комода без прашина. Кујната исто така треба оптимално да е исчистена за подготовка на трпезата. Набрзина раскренете го фрижидерот, за да направите место за сите состојки.

Купете батерии за детските играчки.

Нема ништо полошо од купена играчка, во која не се вклучени батерии, а Вие во моментот немате при рака. Најдобро да купите доволно батерии за резерва, за да нема расплакани дечиња.

Лесно виткање подароци за Нова Година и Божиќ

Совршените подароци се избрани и купени - сега треба само да се завиткаат. Убаво завиткатниот подарок е знак дека некој многу Ви значи, а и дека сте се потрудиле сѐ да биде беспрекорно. Со нашите совети, совршено ќе го завиткате подарокот!

Со вежба се станува мајстор!

Сѐ уште не знаете да виткате? Најнапред обидете се со весник. Така ќе можете да повежбате и да станете поспретни.

Отстранете ја етикетата со цена.

Општо земено, срамота е да се остави цената на подарокот, бидејќи примачот не треба да знае колку сте потрошиле. Затоа отстранете ја цената. Ако не може да се отстрани, тогаш пречкртајте ја со црн фломастер.

Ставете се во кутија

Кутиите во форма на квадрат или правоаголник многу го олеснуваат виткањето. Или купете соодветни кутии или искористете ги кутиите од чевли.

Измерете ја хартијата за виткање.

Најдобро се витка на тврда површина, најдобро на маса. Најдобро се витка на неа. Поставете ја кутијата или подарокот на средина на хартијата за виткање - но не сечете ја сѐ уште хартијата од ролната. Превиткајте ја хартијата преку кутијата и оставете неколку сантиметри преклоп. Ова е совршената димензија и сега можете да ја исечете хартијата од ролната.

Украсете го подарокот со машна или лентичка.

Откако сте го завиткале подарокот, можете да го украсите со убава лентичка или машничка. Со уште еден мал штос, како мало лампионче или зимзелено гранче, ќе го воодушевите примачот.

Не заборавајте ја картичката

На картичката можете да му напишете личен текст на примачот или да му посакате желба со што дополнително ќе го израдувате.

Совети за штедење за време на празниците

Доброто расположение и веселбата носат со себе и големи трошоци - дочек, декорација, подароци, намирници. Со нашите совети за штедење, ќе ја задржите веселбата, а ќе ги намалите трошоците.

Купувајте порано и попаметно.

Колку порано одлучите какви подароци ќе купите, толку е тоа подобро за Вашиот паричник. Имате доволно време да размислите, каков подарок ќе купите за кого и колкав буџет сакате да потрошите. На тој начин, подобро ќе ги испланирате трошоците.

Имате уште една предност кога купувате порано: ќе ги избегнете преполните продавници и шопинг центри и ќе можете да уживате во пред-празничното расположение на мира.

Направете список.

Направете список со сите подароци, украси и намирници, кои сакате да ги обезбедите. Списокот секогаш помага во планирањето на трошоците, а спречува спонтано купување.

Купувајте онлајн кај нашите Трговски партнери.

Во периодот на празниците има многу понуди онлајн - особено техниката се нуди по поповолни цени.

Важен совет: држете ги на око понудите и попустите за време на Cashb(l)ack Week во Cashback World. Секако има и Cashback и Shopping Points!

Подарете нешто што самите сте го направиле.

Не секој се радува на купен и скап подарок. Подароците кои самите Вие сте ги направиле може да израдуваат некого многу повеќе. Истражете онлајн и сигурно ќе најдете идеи за подароци за Вашите најмили, кои Вие самите ќе може да ги креирате! Примачот сигурно ќе се израдува многу на таков подарок, бидејќи ќе знае колку труд и внимание сте вложиле во него.

Заштедете на хартија за виткање и машничка.

Цела година собирајте хартија за виткање подароци и машнички од другите поводи. Ќе можете истите да ги искористете за виткање на Вашите подароци. Хартија за виткање може да се купи и после Нова Година и Божиќ! Тогаш тие се најчесто на попуст, а Вие ќе се обезбедите за следната година. На овој начин, ќе заштедите многу.

;
* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.
;