ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА LYONESS



Променето: февруари 2015

Преамбула

A. Лајонес Европа АГ со седиште на Банхофштрасе 22, ЦХ-9470 Бухс, регистрирана со број ЦХ 170.3.026.427-4 при Трговската комора на кантонот Ст. Гален води Куповна заедница (Shopping community), која на учесниците (во понатамошен текст „Членови“) им овозможува да добиваат предности (во понатамошен текст „Лојална Програма на Лајонес“) по пат на купување на стоки и услуги од Трговските Партнери на Лајонес (во понатамошен текст „Трговски Партнери“). Договорната страна на Членовите е Лајонес Европа АГ (во понатамошен текст: “Лајонес“). Лајонес е претставуван во Македонија од страна на Лајонес ДООЕЛ Скопје, бул. 8-ми Септември бр. 16/1, Бизнис Центар Хипериум 2-ри кат, 1000 Скопје, Република Македонија, со единствен матичен број 6682731, (во понатамошен текст “Лајонес ДООЕЛ“).

B. Со цел полесно да разберете, на крајот на Општите Услови во прилог 1 ќе најдете поимник со специфични термини кои се користат во овој текст. Терминологијата која се користи во точките од 1 до 18 на овие Општи Услови е правно обврзувачка.

1. Предмет на договорот
1.1 Стоките и услугите кои Членовите ги купуваат од Трговските Партнери (во понатамошен текст „купувања“) се регистрираат во Лојалната Програма на Лајонес. Генерално, Членот може да ги користи следниве начини на купување со цел да ги користи предностите кои произлегуваат од Лојалната Програма на Лајонес: Lyoness Cashback Card, Ваучери од Трговските Партнери, како и користење на онлајн каналите кои Лајонес ги нуди за пазарување во онлајн продавниците на Трговските Партнери. Овие можни начини за пазарување се подетално опишани во точка 4.3.

1.2 Во согласност со овие Општи Услови, Членот е овластен да учествува во Лојалната Програма на Лајонес и да ги добива Членските Предности, како и Пријателскиот Бонус. Членот може да ја препорачува Лојалната Програма на Лајонес на други потрошувачи и да ги препорачува наведените лица како Членови. Членот не е овластен да регрутира друштва како Членови согласно точка 3.4. Членот нема никаква обврска да препорачува или регрутира нови Членови, ниту пак му должи на Лајонес каков било успех.

2. Основи на Договорот
2.1 Со прифаќање на апликацијата за регистрација од Лајонес, барателот станува Член на Лајонес и добива личен, непренослив, членски број (во понатамошен текст како “Членски-ID ”). Со тоа, тој стекнува право за учество во Лојалната Програма на Лајонес (и нема да воспостави било каква врска/правен однос со Лајонес).

2.2 Friendship Flyer или Онлајн Регистрацијата или можноста за регистрација кај некој од Трговските Партнери обезбедена од Лајонес мора да се користи за спроведување на договорот помеѓу Лајонес и Членот.

2.3 Членот се изјаснува дека информациите дадени од негова/нејзина страна на Лајонес се точни и се согласува дека ќе го обесштети и заштити Лајонес од штета што може да настане поради невистинити податоци. Членот се согласува да го информира Лајонес, без одлагање, за секоја промена на неговите лични податоци (адреса на живеење, e-mail адреса, банкарски податоци, телефонски број итн.).

2.4 Секое физичко и правно лице може да се регистрира само еднаш (т.е да добие еден Членски-ID). Регистрацијата мора да соодветствува со местото на живеење на физичкото лице, односно со седиштето на правното лице. Повеќекратното регистрирање со цел да се добијат неовластени Членски Предности ќе претставува суштинска причина за раскинување на договорниот однос од страна на Лајонес, како и да ги исклучи Членските Предности и Пријателски Бонуси кои биле добиени на овој начин. Во случај на повеќекратно регистрирање, последниот регистриран Членски-ID ќе биде избришан. Членските Предности, како и Пријателскиот Бонус, кои се настанати од повеќекратното регистрирање ќе бидат изгубени.

3. Правни односи
3.1 Никаков работен однос, услуга или деловен однос (посебно не форма на членство во здружение) нема да се воспостави помеѓу Лајонес и Членот. Учеството на Членовите во Лојалната Програма на Лајонес и препорачувањето на нови Членови ќе се темели исклучиво на нивната активност, која ќе биде автономна, правно независна од Лајонес.

3.2 Членот има право само на Членски Предности, како и на Пријателски Бонус. Членот нема право на каков било дополнителен надоместок за неговите активности. Членот нема право на каков било надоместок за направените трошоци.

3.3 Членот не е овластен да го претставува Лајонес, а особено не смее да дава или прифаќа изјави од други Членови во рамките на Лојалната Програма на Лајонес и/или со цел за препорачување на нови Членови. Членот не е овластен да прима пари во готово ниту пак да собира средства во име на Лајонес. Прекршувањето на оваа точка 3.3 претставува суштинска причина за раскинување на договорниот однос од страна на Лајонес.

3.4 Членот не смее без претходно добиена писмена согласност од страна на Лајонес да:
(a) Употребува лого, меморандуми, заштитен знак, права, домени, други знаци и слично на Лајонес или на Трговските Партнери;
(b) да направи визит картички, презентации, видеа, аудио податоци, „screenshot-ови”, интернет содржини, медиумски содржини, флаери, брошури, интернет страници, рекламни материјали, поштенски материјали, е-mail податоци, почетни страници или слично кои ќе бидат поврзани со Лајонес или Лојалната Програма на Лајонес, да ги дистрибуира во хартиена или во електронска форма или да ги објави (на интернет страниците пр. YouТube или Facebook);
(c) да спроведува јавни настани, како на пр. информативни настани, настани, работилници, семинари итн. со содржини на Лајонес, односно содржини од Лојалната Програма на Лајонес; и
(d) да регрутира како Трговски Партнери или како Членови трговци на мало и големо и други различни трговци, друштва кои нудат стоки и услуги на крајните потрошувачи, вклучувајќи бензински станици, франшизи и стоковни куќи, да преговара или иницијално разговара или да презема рекламни активности од каков било вид заради регрутирање на овие друштва, особено во просториите на трговецот или во близина на наведеното друштво.

4. Лојална Програма на Лајонес
4.1 Со пазарувањето кај Трговските Партнери, Членот се здобива со Членски Предности согласно овие Општи Услови, а воглавно со Cashback, како и со Shopping Points. Препорачателот ќе добива и Пријателски Бонус за купувањата направени од страна на првото и второто ниво на Членови регрутирани од негова страна. Членските Предности и Пријателскиот Бонус подетално се објаснети во точка 8.

4.2 Со цел да може да одобри Членски Предности и Пријателски Бонус на Членовите за нивните купувања, Лајонес склучува договори со Трговските Партнери. Актуелните Трговски Партнери, како и Членските Предности кои се добиваат, може да се пронајдат на www.lyoness.com.

4.3 Членот ги има следните можности за регистрирање на своите купувања:

4.3.1 Лајонес картичката - Cashback Card, е достапна како хартиена картичка, пластична картичка или како виртуелна картичка преку мобилната апликација. Таа не претставува платежно средство туку служи за регистрација на купувањата.

4.3.2 Prepaid Lyoness MasterCard®: Prepaid Lyoness MasterCard® е платежна картичка со функција на Cashback Card (припејд дебитна картичка) која се издава во соработка со издавач/сервисер на платежни картички (MasterCard®). Издавањето на картичката подлежи на посебни услови договорени во процесот на аплицирање за Prepaid Lyoness MasterCard®.

4.3.3 Ваучерите се оригинални ваучери или картички за подарок или електронски ваучери (кои можат да се отпечатат или да се преземат како онлајн ваучер кодови) од Трговските Партнери. Деталните правила поврзани со ваучерите ќе ги најдете во точка 6.

4.3.4 Кога Членот пазарува онлајн може да
(a) се најави на www.lyoness.com со своите податоци за најава и потоа да одбере онлајн продавница од посакуваниот Трговски Партнер или
(b) да пристапи кон Онлајн Продавницата преку друг онлајн канал кој е обезбеден од страна на Лајонес за неговото купување да биде регистрирано и директно да го направи купувањето во Онлајн Продавницата на Трговскиот Партнер. Купувањата можат да се регистрираат само доколку системот користен од страна на Членот за време на процесот на купување дозволува cookies и кога не се употребува Ad Blocker или Script Blocker. Деталните правила поврзани со онлајн пазарувањето ќе ги најдете во точка 5.

4.4 Во случаите согласно точка 4.3.1 и 4.3.4, Трговскиот Партнер го испраќа регистрираното купување и/или податоците за купувањето до Лајонес за пресметување на Членските Предности кои резултираат од истото. Истото се применува и за точка 4.3.3, т.е за ваучери кои биле купени од Надворешно Место за Продажба на Ваучери. Доколку ваучерите биле нарачани од Лајонес, Лајонес ќе ги регистрира податоците за купувањето и ќе ги искористи податоците како основа за пресметување на Членските Предности. Согласно точка 4.3.2, издавачот на платежната картичка ќе ги префрла податоците од пазарувањата кон Лајонес со цел да се изврши пресметка на Членските Предности настанати од тие пазарувања.

5. Онлајн пазарување
5.1 Членовите треба да се информираат во врска со онлајн пазарувањето на www.lyoness.com во делот FAQ (често поставувани прашања) во делот за онлајн пазарување.

5.2 За средствата од Членските Предности, како и од Пријателскиот Бонус од онлајн пазарувањето согласно точка 8.4 потребно е правото на повлекување, согласно одредбите на регулативата за продажба на далечина и правилата на онлајн продавницата, да е истечено и Членот да не се изјасни за повлекување.

5.3 Членот има право само на Членски Предности за купувања направени во онлајн продавниците на Трговските Партнери, кои се наведени на www.lyoness.com, како Трговски Партнери за државата во која се наоѓа адресата на живеење на Членот, односно седиштето (според регистрацијата) на Членот. Истото се однесува и на Пријателскиот Бонус.

5.4 Лајонес нема влијание врз дизајнот на (поврзаните) онлајн продавници на Трговските Партнери и не е одговорен за истите. Доколку овие поврзани интернет страници содржат нелегални содржини или на друг начин ги прекршуваат добрите морални стандарди, Лајонес јасно ќе се дистанцира од наведената содржина.

6. Нарачка на Ваучери
6.1 Оригиналните Ваучери и/или Картичките за Подарок и електронските Ваучери (кодови на Ваучери) (во понатамошен текст како „Ваучери”) претставуваат ваучери од Трговските Партнери кои можат да се искористат за купувања кај Трговскиот Партнер кој го издал соодветниот ваучер. Еквивалентната вредност на еден индивидуален ваучер одговара на износот наведен на ваучерот. Впаричување на ваучерот кај Трговскиот Партнер преку исплаќање во готово, делумно или целосно, не е возможно.

6.2 Ваучерите можат да се нарачаат од Лајонес написмено, преку телефон или онлајн или да се купат од локално Надворешно Место за Продажба на Ваучери (www.lyoness.com). Лајонес ќе ги обезбеди ваучерите по нивното целосно исплаќање, кои потоа ќе можат да се користат за купувања кај соодветните Трговски Партнери. Лајонес го задржува правото да одбие нарачка на ваучери.

6.3 Ваучерите нарачани од Членот и испратени од Лајонес до Членот може во секој случај да бидат искористени кај Трговскиот Партнер кој бил наведен од страна на Членот при правење на нарачката и кој е соодветно наведен на ваучерот. Договорот кој се склучува при искористување на ваучерот постои само меѓу Трговскиот Партнер (издавач на ваучерот) и Членот (сопственик на ваучерот). Лајонес не е одговорен за какви било побарувања кои можат да произлезат од овој договор.

6.4 Ваучерите испратени од Лајонес не можат да бидат вратени, а плаќањето не може да биде рефундирано. Ова не се однесува за следните случаи:

6.4.1 Лајонес гарантира, во рамките на законската одговорност за недостатоци, дека ваучерите дадени на Членот можат да се искористат и/или употребат за да се исполни обврската за плаќање кај соодветниот Трговски Партнер. Доколку ова не е возможно, Членот може да размени ваучер во Лајонес за ваучер од друг Трговски Партнер (со што, Членските Предности и Пријателскиот Бонус можеби ќе се променат поради различните договори направени со Трговските Партнери, погледни точка 8.3.). Доколку Членот не сака да добие друг ваучер, може да побара враќање на платениот износ. Во овој случај, доколку Членските Предности се одобрени, мораат да бидат вратени од страна на Членот. Одобрениот Пријателски Бонус мора исто така да биде вратен, доколку директно или индиректно регрутиран Член ги искористи своите права во согласност со оваа точка 6.4.1.

6.4.2 Доколку Членот има право на повлекување од трансакција во согласност со регулативата за продажба на далечина и правилата на онлајн продавницата во однос на купување со ваучер (погледнете ги информациите за потрошувачи и инструкциите за повлекување за секое релевантно купување) тој може да се повлече од договорот, во рамките на важечкиот период на повлекување.

6.5 Лајонес не презема никаква одговорност за можно неуспешно искористување, во случај на загуба или кражба на ваучерите кои Членот ги подигнал од Лајонес или кои Членот веќе ги добил по пошта или онлајн, освен доколку Членот не го пријавил губењето или кражбата во Лајонес, а Лајонес занемарил да преземе разумни мерки за да ги спречи незаконските дејствија.

6.6 Целосно платените ваучери кои му се испратени на Членот од страна на Лајонес се преносливи, ова значи дека Членот може да ги подари и даде ваучерите на друга личност. Комерцијална препродажба на ваучерите не е дозволена.

7. Lyoness Ваучери
7.1 Lyoness Ваучерите се ваучери издадени од страна на Лајонес (а не од Трговските Партнери). Членовите можат да ги добијат на www.lyoness.com во форма на Код на ваучер и да се искористат на www.lyoness.com за купување на ваучери од Трговските Партнери (иако не директно за купувања кај Трговските Партнери) како и во Лајонес за одредени добра назначени од Лајонес.

7.2 Минималната вредност на нарачката за Lyoness Ваучер треба да изнесува МКД 500. Lyoness Ваучерите можат да се добијат во максимален износ од МКД 65.000 по Lyoness Ваучер. Еквивалентната вредност на Лајонес Ваучерот соодвествува во секој случај со износот назначен на Lyoness Ваучерот. Во случај на делумно искористување, оригиналната еквивалентна вредност ќе биде намалена од соодветниот износ за искористување. Искористување на ваучерот преку враќање пари во готово, делумно или целосно, не е дозволено.

7.3 Купувањето на Lyoness Ваучер нема да генерира Членски Предности ниту пак Пријателски Бонуси; истите Членот ќе ги добие (во согласност со точка 8) кога ќе купи ваучер од кај Трговски Партнер (или добра) со користење на Lyoness Ваучерот на www.lyoness.com.

7.4 Lyoness Ваучерите можат да бидат пренесени бесплатно на други Членови, и на тој начин се погодни да служат како ваучери за подарок. Сепак, комерцијална препродажба на Lyoness Ваучерите не е дозволена.

7.5 Lyoness Ваучерите можат да бидат искористени само од Членови на Лајонес чие место на живеење или седиште (според регистрацијата) е во рамките на територијата во која се користи официјално валутата на која Lyoness Ваучерот е издаден.

7.6 Секој Lyoness Ваучер има код кој е валиден 3 години. Три годишниот рок ќе започне на крајот на годината во која Lyoness Ваучерот е добиен. По истекувањето на важноста на кодот, Lyoness Ваучерот ќе пропадне и нема да може да се искористи.

7.7 Откажување, повлекување или друго откажување на нарачка на Lyoness Ваучери нема да биде можно по истекувањето на периодот на повлекување согласно одредбите на регулативата за продажба на далечина (за кои ќе бидете специјално информирани при купување на Lyoness Ваучерот). Точка 6.4. ќе се применува за враќање на ваучери од Трговските Партнери.

8. Членски Предности од Лојалната Програма и Пријателски Бонус
8.1 Купувањата направени од Членот кои се регистрирани во Лојалната Програма на Лајонес, му овозможуваат на Членот соодветни предности. Како Препорачател, Членот ќе добие Пријателски Бонус за купувања направени од Членови на прво и второ ниво препорачани од него (повеќе детали во врска со ова во точка 8.1.3). Членските Предности и Пријателскиот Бонус се базираат на условите договорени меѓу Лајонес и соодветните Трговски Партнери и поради тоа варираат во зависност од Трговскиот Партнер, секторот и државата. Членот ќе добие Cashback како Членска Предност (точка 8.1.1). Shopping Points ќе бидат дополнително доделени за купувања од некои Трговски Партнери (точка 8.1.2). Пријателскиот Бонус е опишан во точка 8.1.3.

8.1.1 Cashback: за купувања кои се регистрирани во Лојалната Програма на Лајонес, Членот ќе добие до 5% Cashback, пришто во посебни случаи, повисок процент ќе биде доделен. Процентот на Cashback за соодветниот Трговски Партнер, прикажан на www.lyoness.com (Дел за најава) ќе се применува. Плаќањата на Cashback-от ќе се одвиваат согласно точките од 8.4 до 8.6.

8.1.2 Shopping Points: за купувања кои се регистрирани во Лојалната Програма на Лајонес и направени кај Трговски Партнери за кои се доделени Shopping Points, Членот ќе добие Shopping Points. Shopping Points можат да се искористат од страна на Членот за да добие попуст на купувања направени во рамките на специјални понуди објавени на www.lyoness.com. Дополнителни податоци се опишани во точка 9.

8.1.3 Пријателски Бонус: за пазарувања направени од страна на Членовите кои биле директно препорачани од Препорачателот (лицата кои се регистрирани во Лајонес врз основа на препорака направена од Член и Членот е наведен како Препорачател) како и за оние купувања направени од Членови кои се директно препорачани од овие лица (индиректно препорачани Членови, второ ниво), кои се регистрирани во Лојалната Програма на Лајонес, Членот во секој случај ќе добие до 0.5% од износот на купувањето од Лајонес како Пријателски Бонус. Пријателскиот Бонус за други индиректно препорачани Членови нема да биде одобрен. Плаќањата на Пријателските Бонуси ќе се одвиваат согласно точките од 8.4 до 8.6.

8.2 Лајонес го задржува правото во рамките на специјалните понуди да отстапи од тука договорените принципи. Лајонес има намера да им даде на располагање на Членовите голем број начини и можности на пазарување кај Трговските Партнери, и на тој начин да договори значајни попусти кај Трговските Партнери со цел да им овозможи на Членовите значајни предности. Доколку различни услови се договорени со Трговски Партнер во поглед на специјални понуди (на пример, случај на невообичаени купувања како договори за користење на мобилен телефон со ограничен рок), Лајонес ќе го наведе тоа во деталите за Трговски Партнер на www.lyoness.com (погледнете ја следната точка 8.3.).

8.3 Предностите одобрени во секој поединечен случај може да се најдат на страницата за детали за Трговскиот Партнер на www.lyoness.com. Се препорачува Членот редовно да се информира на интернет страницата на Лајонес за статусот на соодветните услови понудени од Трговските Партнери. Лајонес е овластен, со период на претходно известување од 4 недели, да ги промени Членските Предности одобрени од поединечен Трговски Партнер како и Пријателскиот Бонус, доколку се променат условите договорени со Трговскиот Партнер. Одобрените Членски Предности на Членот ќе бидат пресметани врз основа на условите кои биле договорени во време кога купувањето било целосно платено.

8.4 Одобрувањето на Членските Предности и на Пријателскиот Бонус подразбира дека купувањето направено од Членот е целосно платено и дека не постојат дополнителни законски права за поништување на купувањето т.е. особено дека рокот на поништување согласно регулативата за продажба од далечина и правилата на онлајн продавницата е истечен. Доколку овие услови се исполнети, Трговските Партнери ќе го потврдат купувањето и ќе извршат плаќање кон Лајонес. Членските Предности и Пријателскиот Бонус од направените купувања кои се наплатени од страна на Лајонес од Трговските Партнери, до недела 23:00 часот, ќе бидат одобрени на Членот (Членски Предности) и на Препопрачателот и на неговиот Препорачател (Пријателски Бонус). Лајонес ги обврзува Трговските Партнери да му плаќаат најдоцна два месеци откако се исполнети условите согласно првата реченица на оваа точка 8.4. Доколку Членот добил ваучер за Трговски Партнер на Лајонес, Членските Предности како и Пријателскиот Бонус ќе бидат одобрени кога условите согласно првата реченица од оваа точка 8.4 ќе бидат исполнети.

8.5 Лајонес ќе ги префрла средствата по основ Cashback и Пријателски Бонус на неделна основа на трансакциската сметка наведена од Членот кога овој износ ќе изнесува најмалку МКД 325.

8.6 Доколку Членот прави купувања кај Трговски Партнери во странство (локално или онлајн) може да се случи Cashback-от или Пријателскиот Бонус да се покажат на исплатна сметка во соодветната странска валута. Кога купувањето е потврдено од страна на Трговскиот Партнер, износот автоматски ќе се конвертира и ќе биде прикажан во Личниот Онлајн Профил на Членот во валутата на државата на Членот во согласност со соодветниот курс на Европска Централна Банка, Народна Банка на Република Македонија или друга надлежна компанија или финансиска институција, на денот кога Трговскиот Партнер го примил плаќањето. Точка 5.3. останува неизменета, т.е. одобрување на Членски Предности како и Пријателски Бонус ќе постои само во однос на меѓународните купувања преку каналите (како на пример преку онлајн продавници) кои се наведени на интернет страницата на Лајонес за соодветниот Член.

9. Лајонес Shopping Points
9.1 Членовите потенцијално добиваат одреден број на Shopping Points за купувања направени преку Лојалната Програма на Лајонес кај Трговските Партнери.

9.2 Дали и колку Shopping Points ќе бидат префрлени, ќе зависи од износот на купувањето, како и на условите договорени со соодветниот Трговски Партнер. Лајонес ги охрабрува Членовите да ја посетат страницата со детали за Трговскиот Партнер на www.lyoness.com како основа за пресметување на бројот на Shopping Points доделени од соодветниот Трговски Партнер. Како основ за пресметување на бројот на Shopping Points ќе се земе износот на купување во висина од МКД 6.500.

9.3 Shopping Points немаат фиксна номинална вредност. Нивната вредност се одредува согласно износот на предноста која е доделена по нивното искористување кај соодветниот Трговски Партнер. Shopping Points не можат да се исплатат во готово или да се префрлат на други лица на комерцијална основа. Сепак, дозволено е да се дадат Shopping Points на други Членови како подарок.

9.4 Собраните Shopping Points ќе бидат пренесени на Членот и можат да се следат од Личниот Онлајн Профил на Членот. Членот може да ги искористи за да добие попуст при пазарувањето во рамките на посебните понуди прикажани на www.lyoness.com. Shopping Points можат да се искористат само во износот кој е претходно одреден за соодветното купување.

9.5 Членските Предности и Пријателскиот Бонус ќе бидат исто така доделени за купувања за кои Членот искористува Shopping Points. Износот на Членските Предности и Пријателскиот Бонус во овој случај ќе бидат одредени само според износот на купувањето кој останал по намалувањето на одобрените предности за искористувањето на Shopping Points, но не и на бруто износот на купувањето.

9.6 Валидноста на Shopping Points ќе истече по три години. Периодот од три години започнува на крајот од годината во која што е направено купувањето со кое се добиени Shopping Points.

10. Личен Онлајн Профил на Членот
10.1 Лајонес на секој Член му дава на располагање Онлајн Канцеларија на www.lyoness.com (дел за најава), каде по внесувањето на корисничкото име и лозинката, тој може во секое време да има увид за своите остварени купувања, препорачани Членови, како и информации во врска со Членските Предности и Пријателскиот Бонус од Лојалната Програма на Лајонес. Лајонес ќе преземе одговорност само за евентуална непристапност до интернет страницата на Лајонес и во делот за најава на www.lyoness.com согласно точка 14.

10.2 Членот мора да ги чува податоците за пристап и користење на Личниот Онлајн Профил на сигурно (Корисничко Име, Лозинка и ПИН) и да ги третира како строго доверливи. Корисничкото Име и Лозинка под никакви околности не смеат да се даваат на трети лица. Личните подесувања Членот може да ги измени во кое било време на www.lyoness.com (дел за најава).

10.3 Доколку Членот утврди неовластена употреба на својата Онлајн Канцеларија, треба веднаш да го информира Лајонес. По деактивацијата на пристапот, на Членот повторно ќе му се испратат променетите податоци преку СМС порака, e-mail или по пат на пошта. За каква било штета на Членот како резултат на неовластеното користење, Лајонес ќе преземе одговорност само согласно точката 14.

11. Промена на Препорачател
Членовите кои не направиле никакви купувања кај Трговските Партнери во временски период од 6 месеци и не купиле никакви Лајонес Ваучери за време на овој период, можат да го променат својот Препорачател со тоа што ќе назначат друг Член како нивни Препорачател доколку тој е согласен за истото. Во овој случај, Членовите кои биле директно или индиректно препорачани од Членот кој се менува (без разлика на нивото) ќе бидат задржани од страна на оригиналниот Препорачател во нивната оригинална позиција.

12. Заштита на податоци
12.1 Лајонес како одговорна страна согласно Законот за заштита на личните податоци ќе ги собира, чува и обработува податоците на Членовите со цел да овозможи спроведување на Лојалната Програма на Лајонес, односно за пресметување на Членските Предности и Пријателскиот Бонус. Во рамките на пресметувањето на Пријателскиот Бонус, Лајонес му овозможува на Препорачателот преглед на податоците за куповниот волумен на своите директни и индиректни Членови. Во овој контекст, Членовите на прво ниво ќе бидат идентификувани по име. Освен тоа, нивниот телефонски број и e-mail адреса ќе бидат прикажани на Препорачателот. Препорачаните Членови на второ ниво ќе бидат анонимно прикажани. Членот може да му овозможи на Препорачателот пристап и до други лични податоци (како на пример неговата адреса) преку Личниот Онлајн Профил на Членот. Доколку Членот ја даде својата согласност, Лајонес ќе ги користи неговите лични податоци за давање на персонализирани информации кои се однесуваат на понуди и производи на Лајонес и на Трговските Партнери на Лајонес.

12.2 Сите барања за информирање, промена како и бришење на податоците можат директно да се достават до Лајонес ДООЕЛ Скопје.

12.3 Дополнителни релевантни правни одредби за заштита на податоците во однос на користењето на интернет страницата на Лајонес можат да се најдат во Декларација за заштита на личните податоци на интернет страницата на Лајонес на www.lyoness.com.

12.4 Лајонес користи меѓународно призната технологија за безбедност на податоците на Членовите за заштита од неовластен пристап кон истите. Лајонес презема одговорност за безбедност на податоците кои се пренесуваат преку интернет само согласно точката 14.

12.5 Правна согласност за заштита на податоци: Со ова, Членот се согласува Лајонес да ги собира неговите лични податоци од неговите купувања (интереси и преференции итн.) во рамките на учеството во Лојалната Програма на Лајонес и истите информации да ги користи во облик на персонализирани информации, како и за поштенски и лични контакти, за употреба во Лојалната Програма и за понудите на Трговските Партнери и Членот ја има можноста во секое време да ја отповика оваа согласност. Членот може да ја отповика својата согласност во секое време писмено или преку e-mail на member-service@lyoness.mk. Писменото повлекување на согласноста треба да се испрати на: Лајонес ДООЕЛ Скопје, 8 Септември 16/1, 1000 Скопје.

13. Прекин на услугата
13.1 Обемот на услуги понудени од страна на Лајонес е ограничен во рамките на Лојалната Програма на Лајонес како што е опишано во овие Општи Услови.

13.2 Правата и обврските поврзани со купувањата направени од Членовите кај Трговските Партнери ќе се применуваат и ќе важат единствено кај Трговските Партнери. По склучувањето на договорот со Трговскиот Партнер, Лајонес не презема никаква гаранција или, пак, одговорност за обврските на Трговскиот Партнер, особено за можно неисполнување или неточно исполнување на обврските од страна на Трговскиот Партнер.

13.3 Во случај на неисполнување или неточно исполнување на обврските од страна на Трговскиот Партнер, Членот нема да има никакви побарувања од Лајонес за целосно или делумно исплаќање на искористениот ваучер, за издавање на нов ваучер, за исплаќање во готово или за друго исплаќање или компензација. Какви било барања на Членот заради неисполнување или неправилно исполнување на обврските од страна на Трговскиот Партнер ќе се однесуваат и ќе бидат упатени само спрема Трговскиот Партнер. Ограничувањата и исклучувањата на обврските и одговорностите на Лајонес наведени во оваа точка погоре еднакво ќе важат и за Лајонес ДООЕЛ.

14. Одговорност
14.1 Лајонес е неограничено одговорен само за телесни или психички повреди, повреди на животот и на здравјето, кои се предизвикани со повреда на обврските од страна на Лајонес со намера или со крајно невнимание. Исто така, Лајонес е неограничено одговорен и за други штети, кои се предизвикани поради повреда на обврските од страна на Лајонес со намера или со крајно невнимание.

14.2 Лајонес е ограничено одговорен само за типични или предвидливи штети, за штети кои резултираат од прекршување заради обично невнимание на обврски кои се фундаментални за соодветно и непречено извршување на договорот и за чие почитување Членот има доверба и право да го очекува (суштински обврски).

14.3 Сите дополнителни побарувања за штета, со исклучок на точка 14.5, се исклучени. Ова особено се однесува доколку Лајонес не е виновен, на пр., за
(a) прекини во достапноста на пристапот на Членовите на интернет,
(b) други технички и електронски грешки при пренос на податоци преку интернет, како и во тек на користењето на Лајонес интернет порталот, на Лајонес СМС сервисот и на Лајонес апликациите за мобилните апарати, доколку овие грешки не спаѓаат во одговорноста на Лајонес,
(c) технички и електронски грешки за кои Лајонес не е одговорен, кои спречуваат регистрирања на купувањата во рамките на Лојалната Програма на Лајонес (особено за губење на податоци или дефекти при следење),
(d) за недостапност на мобилните мрежи или терминали и
(e) за нефункционалноста на мобилните уреди на Членот.
Купопродажниот договор за стоки и договорот за услуги ќе биде склучен исклучиво помеѓу Членот и соодветниот Трговски Партнер.

14.4 Доколку одговорноста на Lyoness е ограничена или исклучена, ќе важат ограничувањата или исклучувањата и за личните одговорности на вработените, законските застапници и подизведувачите на Лајонес.

14.5 Ограничувањата и исклучувањата на одговорноста согласно точка 14, не влијаат на одговорноста на Лајонес согласно задолжителните законски одредби поради измамнички дејствија и криење на информации за дефекти и недостатоци на производи и нивната гаранција. Ограничувањата и исклучувањата на одговорноста согласно точка 14 еднакво ќе важат и ќе се применуваат и за Лајонес ДООЕЛ.

15. Трошоци
15.1 Регистрирањето и учеството во Лојалната Програма на Лајонес е бесплатно за Членовите.

15.2 Лајонес картичката - Cashback Card е бесплатна за Членот како дел од самата регистрација.

15.3 Аплицирањето за Prepaid Lyoness MasterCard® подлежи на дополнителни трошоци.

16. Раскинување на договорот од страна на Членот
16.1 Членот има право во секое време со писмена изјава да го раскине договорениот однос со Лајонес. Членот во рамките на временски договорениот однос не е обврзан да остварува купувања, да препорачува Членови или да извршува други активности.

16.2 Со раскинувањето на договорниот однос со Лајонес, Членот има само право да ги бара Членските Предности од Лојалната Програма кои постоеле во моментот на раскинувањето на договорот, односно на Членските Предности од Cashback и од Пријателски Бонус од купувања кои веќе се направени до моментот на раскинување на договорот. Shopping Points добиени до овој период ќе бидат загубени по раскинување на договорниот однос. Доколку Членот го раскине договорот поради суштинска причина, Членот ќе може да ги искористи собраните Shopping Points во временски период од 8 недели по раскинувањето на договорот како што е опишано во точка 9.

17. Раскинување на договорниот однос од страна на Лајонес
17.1 Договорниот однос може да биде прекинат од Лајонес на обичен начин, т.е без основа, со период на известување од 8 недели или од важна причина со моментален ефект. Како важнa причина, освен значително нарушување на комерцијалните интереси и репутација на Лајонес или на соодветниот Трговски Партнер, ќе се смета прекршувањето на материјалните договорни обврски. Материјалните договорни обврски ги вклучуваат обврските на Членот согласно точките 2.3., 2.4., 3.3. и 3.4.

17.2 Членот ќе го обештети Лајонес и ќе го заштити Лајонес во случај на намерно вршење на прекршувањата. Лајонес ќе има право на обесштетување во случај на побарување од која било трета страна. Лајонес исто така ќе има право да побарува трошоци за наведената штета од страна на членот, кои ќе настанат поради прекршување на обврските од страна на членот, вклучувајќи и судски трошоци (трошоци за застапување, нотарски заверки итн.).

17.3 По прекинувањето на договорниот однос, Членот има право само на оние Членски Предности од Лојалната Програма за кои при раскинувањето на договорот имало основа за земање на истите, односно купувањата за кои им следува Cashback или Пријателски Бонус биле веќе направени во време на раскинување на договорот.

17.4 Доколку Лајонес го прекине договорниот однос без известување за важна причина, ако тоа не е намерно предизвикано од Членот, Членот има право да ги искористи своите Shopping Points и Лајонес Ваучери добиени до тогаш во период од 8 недели по раскинување на договорот согласно точка 9. Во други околности, добиените Shopping Points ќе бидат загубени по раскинувањето на договорот.

18. Општи одредби
18.1 Членот ќе биде овластен да ги пренесе побарувањата кои му се доделени од страна на Lyoness (или сите права кои произлегуваат од учество во Лојалната Програма) или да ги искористи како замена/колатерал со претходна писмена согласност.

18.2 Учеството во Лојалната Програма ќе создаде однос на размена и нема да претставува воспоставување на врска/правен однос помеѓу Членот и Лајонес во согласност со законот за трговски друштва, а особено нема да претставува воспоставување на членство на поврзани субјекти.

18.3 Поединечните договори незвисно склучени, во кој било случај, имаат предност пред овие Општи Услови. Писмениот договор и/или писмената потврда од Лајонес ќе биде клучен за содржината на договорите од овој вид. Ќе се претпостави дека страните не склучиле никакви усни договори. Освен тоа, Лајонес е овластен на Членот да му испрати по пат на СМС или e-mail изјави и информации за договорот и за негово спроведување, доколку Членот ги сподели соодветните информации за контакт и не се противи на истото.

18.4 Промените на овие Општи Услови соопштени на Членот во текстуална или електронска форма и другите договорни договори меѓу Членот и Лајонес ќе се сметаат за прифатени од страна на Членот, доколку Членот во рок од 30 дена од приемот на промените не се противречи на истите. Промените на Општите Услови ќе се сметаат прифатени од страна на Членот, само доколку ова известување навистина е направено.

18.5 Доколку во овој договор се користат специфични термини за род, тие се однесуваат за женски и машки лица, како и за правни лица.

18.6 Доколку одредени одредби на договорот сосема или делумно се ништовни и/или неприменливи, нема да влијаат на ефективноста на останатите одредби.

18.7 Во договорниот однос ќе се применува македонското право. Исклучена е примената на UN правото за купување.

18.8 За да може да се регистрира и да учествува во Лојалната Програма на Лајонес, Членот треба да има 18 години.

18.9 Членот се обврзува правилно и навремено да ги плати сите трошоци, надоместоци, даноци итн. кои настануваат со добивањето на Членските Предности.

Прилог 1

Поимник

„Cashback“ е Членската Предност опишана подетално во точка 8.1.1.

„Cashback Card“ е пластична, хартиена или виртуелна картичка (преку мобилната апликација на Лајонес) која служи за регистрирање на купувањата на Членот направени кај Трговските Партнери во Лојалната Програма на Лајонес. Според тоа, таа не претставува платежно средство.

„Препорачател“ е Членот кој директно препорачува други членови и е наведен како Препорачател за време на регистрацијата на новиот Член во Лајонес или Членот кој по спроведувањето на промена на Препорачател е наведен од страна на Лајонес како Препорачател на соодветниот Член.

„Пријателски Бонус“ е бонусот опишан детално во точка 8.1.3., кој Членот ќе го добива од направените купувања на Членовите од прво и второ ниво во Лојалната Програма на Лајонес кои биле зачленети од негова страна.

„Friendship Flyer“ е документ, кој мора да биде проследен до Лајонес, пополнет и потпишан доколку се работи за офлајн регистрација со цел да се поднесе обврзувачка понуда за отпочнување на членство во Лајонес.

„Ваучери“ се Оригинални Ваучери и/или Картички за Подарок и електронски ваучери (Kодови на Ваучери) од Трговските Партнери детално опишани во точка 6.1.

„Lyoness Ваучери“ се ваучери издадени од Лајонес. Членовите можат да ги добијат на www.lyoness.com и да ги искористат на www.lyoness.com за купување на ваучери од кај Трговските Партнери (иако не директно за купувања од кај Трговските Партнери) како и за одредени добра наведени од Лајонес. Детален опис е даден под точка 7.

„Prepaid Lyoness MasterCard®“ е дебитна платежна картичка, со функција на Cashback Card, која се издава во соработка со издавач/сервисер на платежни картички (припејд дебитна картичка).

„Лојална Програма на Лајонес“ е куповното здружение развиено од Лајонес во рамките на кое Членовите добиваат Членски Предности кога купуваат добра и услуги од Трговските Партнери и Пријателски Бонус за купувања направени од Членовите на прво и второ ниво, Членови кои биле зачленети во Лојалната Програма на Лајонес од негова страна.

„Членови“ се сите лица кои склучиле договор да воспостават членство во Лајонес согласно овие Општи Услови, во времетраење на договорот, т.е се додека не биде прекинат од една од договорните страни.

„Членски ID“ е уникатен број кој го доделува Лајонес и кој служи за идентификување на Членот, како и за регистрирање на купувањата направени кај Трговските Партнери.

„Членски Предности“ се сите предности кои ги добива Членот или може да ги добие преку купувања направени кај Трговските Партнери во Лојалната Програма на Лајонес. Во оваа смисла, предностите се Cashback, како и Shopping Points.

„Личен Онлајн Профил на Членот“ е простор за најава на соодветниот Член на страната на Лајонес, опишано во точка 10.

„Онлајн Продавници“ се онлајн трговци кои се во договорен однос со Лајонес и од кои Членовите можат да добиваат Членски предности преку купување на добра и услуги од нив, подлежи на предусловите опишани во точка 5 и Пријателски Бонус за купувања направени од страна на Членови од прво и второ ниво кои биле зачленети во Лојалната Програма на Лајонес од нивна страна.

„Трговски Партнери“ се компании кои се во договорен однос со Лајонес и од кои Членовите можат да ги добиваат Членските Предности преку купувања на добра и услуги од кај нив како и Пријателски Бонус за купувања направени од страна на Членови од прво и второ ниво кои биле зачленети во Лојалната Програма на Лајонес од нивна страна.

„Shopping Points“ се Членски Предности кои се детално опишани во точка 9.
* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.