Основни прашања за Lyoness

Информации за компанијата

Lyoness е глобална куповна заедница (Shopping Community) која дејствува во сите сектори и им нуди на нејзините потрошувачи бесплатни и необврзувачки предности при пазарувањето. Lyoness исто така им нуди на трговците од областа на продажбата и услугите Лојална Програма за потрошувачи.
Членовите на куповната заедница (Shopping Community) при секое купување кај Трговските Партнери на Lyoness добиваат предности при пазарувањето како „Cashback“ и „Shopping Points“, со цел да ги искористат истите за други купувања или да добијат корисни попусти.
За повеќе информации во врска со Lyoness, посетете ја интернет страницата lyoness-corporate.com.

Предности при пазарувањето

Како член на Lyoness, Вие добивате Lyoness Предности при секое купување, кое ќе го направите кај Трговските Партнери на Lyoness. Lyoness Предностите подразбираат Cashback, Shopping Points и во случај на препорака на Lyoness, Пријателски Бонус (Сподели со пријател).
Во зависност од договорот, Вие како Член добивате до 5% Cashback за соодветниот износ на пазарувањето направено кај Трговските Партнери. Cashback-от се акумулира на Вашата виртуелна исплатна сметка, која можете во секое време да ја посетите преку Вашиот профил на интернет страницата Lyoness.mk. Штом соберете минимум 325 МКД Cashback како резултат на Вашите сопоствени купувања или преку купувањата направени од Вашите пријатели (Сподели со пријател), Lyoness ќе го префрли овој износ на Вашата лична трансакциска сметка.
Lyoness вообичаено го префрла Вашиот Cashback во вторник, доколку имате акумулирано минимум 325 МКД Cashback. Прегледот на Вашите акумулирани Lyoness Предности можете да го најдете во Вашиот Личен Профил на интернет страницата Lyoness.mk.
Освен Cashback-от, Вие автоматски ќе добиете Shopping Points за секое купување кај Трговските Партнери на Lyoness.
Можете да пазарувате со Cashback Card, со Lyoness Ваучери/Картички за подарок или онлајн во Lyoness и да заштедите пари.
Исклучиво кај Трговските Партнери на Lyoness. Листа на сите Трговски Партнери, како и детални информации во врска со можностите за пазарување и Lyoness предностите, можете да најдете преку Пребарувањето на Трговец на Lyoness.mk. Ве молиме имајте предвид дека Cashback Card не се прифаќа кај сите Трговски Партнери на Lyoness.

Членство

Како Член на Lyoness, Вие добивате до 5% Cashback од износот на направеното купување и Shopping Points за секое купување кај Трговските Партнери на Lyoness. Вашиот Cashback се акумулира на Вашата лична исплатна сметка во Lyoness, додека Вашите Shopping Points одат на Вашата сметка за Shopping Points. Доколку Ви се акумулира Cashback во висина од минимум 325 МКД на Вашата исплатна сметка, парите ќе Ви бидат префрлени на Вашата лична трансакциска сметка. Собраните Shopping Points можете да ги искористите за атрактивните Shopping Point Deals кај одредени Трговски Партнери (МСП) онлајн или офлајн за одредени производи и попусти. Доколку сакате да го препорачате Lyoness на други, Вие дополнително ќе добиете Пријателски Бонус од сите купувања направени од Вашите пријатели (Сподели Со Пријател).
Не, членството во Lyoness е бесплатно и без обврски.
Постојат неколку начини да станете член на Lyoness:
  • Регистрирајте се онлајн бесплатно
  • Искористете ја можноста да се регистрирате при Вашето прво купување направено кај Трговски Партнер на Lyoness (МСП) и добијте ја Вашата Lyoness Cashback Card веднаш (кобрендирана картичка).
  • Регистрирајте се преку веќе постоечки член на Lyoness (Препорачател) онлајн или преку Friendship Flyer (Сподели Со Пријател).
Да. Минималната возраст варира од една држава во друга во зависност од соодветните правни услови.
Секој поединец може да стане член на Lyoness бесплатно, без никакви обврски. Минималната возраст за успешна регистрација може да се најде во ОУ на Lyoness.

Лични податоци

Вашето корисничко име и лозинка за регистрација на интернет страницата Lyoness.mk ќе Ви бидат испратени по e-mail или СМС порака за време на регистрацијата. Доколку не можете да ги најдете Вашите податоци за најава, едноставно кликнете на „Заборавена лозинка“ и следете ги инструкциите.
Личните податоци на Членовите на Lyoness нема да бидат проследени до трети страни. Lyoness и Трговските Партнери, кои Членот ги овластил да извршат трансфер на податоци, ќе ги употребат овие податоци за истражување на пазарот исклучиво за внатрешните потреби на компанијата. Со тоа се гарантира подобрувањето на услугите и стратешкото проширување на Куповната Мрежа.

Cashback Card

Откако ќе се регистрирате како член на Lyoness, Вашата дигитална Cashback Card ќе Ви биде достапна на Вашиот профил на Lyoness.mk. Можете да ја отпечатите или да ја отворите на пребарувачот на Вашиот смартфон во секое време. Доколку се регистрирате преку Friendship Flyer Вие ќе ја добиете Cashback Card која е во големина на кредитна картичка и ќе можете да ја користите за купувања кај сите Трговски Партнери кои прифаќаат Cashback Card во светот. Доколку се регистрирате кај Трговски Партнер, Вие ќе добиете Cashback Card од тој Трговски Партнер (Co-branded Card) на која се наоѓа логото на Lyoness и логото на Трговскиот Партнер. Преглед на Co-branded Card на Трговски Партнер можете да најдете тука. Секако, оваа картичка е важечка кај сите останати Cashback Card Трговски Партнери.
Да, се додека Трговскиот Партнер е Трговски Партнер кој работи на база на Cashback Card.
Не, Cashback Card не претставува средство за плаќање. Таа функционира како сите останати лојални картички за предности и служи само за евиденција на Вашите купувања.

Онлајн пазарување

Регистрирајте и најавете се на Lyoness интернет страницата со Вашето корисничко име и лозинка. Откако ќе се најавите, можете да ги најдете соодветните Трговски Партнери преку Пребарување на Трговци или во Преглед на купувања. Можете да кликнете директно на „Онлајн Пазарување“ или на логото на Трговскиот Партнер за да ја отворите страницата со детали за трговецот. Од таму, можете да ја отворите и посакуваната Онлајн Продавница во прозорец за пребарување со кликање на „Онлајн Пазарување“ и да пазарувате во согласност со Општите Услови на соодветната Онлајн Продавница.
Со цел успешно да пазарувате, Вашиот компјутер треба да биде соодветно адаптиран. Вашиот пребарувач, како и Вашите antispyware и antivirus програми мораат да прифаќаат cookies. Прифаќањето на cookies служи за нарачката направена преку Lyoness да биде препознаена како купување направено од страна на член на Lyoness и истото ќе биде евидентирано во Вашиот Преглед на купувања. Едно cookie се зачувува на Вашиот компјутер откако ќе се најавите во Lyoness, кликнете на Трговски Партнер и ја отворите нивната интернет страница во нов прозорец за пребарување. Информацијата зачувана во тоа cookie е проверена од Онлајн Продавницата по комплетирање на онлајн нарачката. Вашето купување може потоа да се проследи до Lyoness и членските предности можат да Ви се доделат.
Технички, cookie е фајл кој моментално архивира информации. Можете да го замислите како текст документ на Вашиот компјутер кој зачувува податоци за Вашите претходно посетени интернет страници. Можете да гледате и бришете cookies како и да контролирате како тие се користат во подесувањата на Вашиот пребарувач. Cookies можат да се деактивираат или блокираат. Технологијата на Cookie овозможува да се складираат информации на компјутерот на корисникот. Сепак, бидејќи нема пристап до носителот на податоците (т.е компјутер) мора да се користи пребарувач.
Вашето купување ќе се прикаже во Вашиот профил под "Моите купувања кај Трговски Партнери" во рок од 48 часа. Членските предности ќе ги добиете откако Вашето купување е комплетирано (комплетирањето зависи од периодот на достава и враќање на Трговскиот Партнер). Целиот процес може да трае во просек од 60 до 90 дена во зависност од периодот на достава на производот и начинот на плаќање. Како општо правило, колку побрзо се комплетира купувањето, толку побрзо ќе ги добиете Вашите членски Предности.
Со користење на полето за пребарување на Трговски Партнери, сите Членови можат да пребаруваат Трговски Партнери во сите достапни земји. Сепак, договорите меѓу Lyoness и нашите Online Shops вообичаено се достапни само за земјите во кои Online Shop-от е наведен. Членовите се уште можат да купуваат производи од Online Shop кој не е наведен за неговата матична земја. Сепак, Трговскиот Партнер не е обврзан да им ги даде предностите на членовите (= вкупното купување минус Ваучери, попусти, испорака и трошоци за процесирање) кои резултираат од овие купувања. Забелешка: Купувањата во Online Shops кои не се наведени во матичната земја на Членот, се прават на сопствен ризик на Членот. Членските Предности за неевидентираните купувања направени кај Трговските Партнери надвор од матичната земја на Членот, нема да бидат доделени како акт на добра волја. Поради тоа, ние препорачуваме да се купуваат исклучиво производи од Online Shops кои се наведени во матичната земја на Членот.
Те молиме секогаш имај ги во предвид Општите Услови валидни за секој Код на Ваучер (на пр. валидност, минимална вредност на нарачка итн.). Општите Услови можеш да ги прочиташ кликнувајќи на Кодот за Ваучер. Не ја комплетирај твојата нарачка сѐ додека вредноста на Кодот за Ваучер не биде одземена од износот на купувањето (одземениот износ ќе го видиш на екранот). Вредноста на Кодот за Ваучер не може да биде одземена штом купувањето е комплетирано. Користењето на „екстерни“ Кодови на Ваучер, на пр. кодови наведени во newsletter-ите на Трговските Партнери, може да доведе до губење на конекцијата со Lyoness системот. Доколку тоа се случи, ние нема да можеме да го поврземе твоето купување со твојот Членски ID број. Освен тоа, Трговскиот Партнер не е обврзан да додели Членски Предности кои резултираат од какви било купувања направени со користење на Кодови на Ваучер кои не се издадени од Lyoness.
Lyoness ќе даде сѐ од себе за да ги добиеш твоите Членски Предности дури и ако купувањето не е правилно евидентирано. Доколку твоето купување не се појавува во Мојот преглед на купувања во рок од 48 часа, те молиме контактирај го твојот Lyoness Member Service Team со твојата фактура, потврда за нарачка и потврда за плаќање. Поплаките можат да се испратат до три месеци од датумот на купувањето. Online Shops нема да прифатат никакви поплаки поднесени по истекот на три месеци. Како резултат на тоа, купувањата нема да можат да бидат процесирани по три месеци.

Фондации

Lyoness Child & Family Foundation (CFF) беше основана во Швајцарија во 2008 година како независна, хуманитарна организација. Таа претставува политички независна добротворна организација посветена на помош на сиромашни деца, млади и смејства. Таа обезбедува меѓународна помош во областа на образованието и дејствува под мотото "Образование. Можности. Иднина." Повеќе информации за CFF ќе најдете на Lyoness-CFF.org.
Lyoness Greenfinity Foundation (GFF) беше основана како не-профитна организација во Швајцарија во 2011 година. Таа е политички независна, добротворна организација која е активно вклучена во проекти за одржлива заштита на животната средина и реализирање на иновативни проекти за заштита на климата насекаде низ светот, како и промовирање на обновливите енергии. Мотото на фондацијата е "Together for the world. Together for tomorrow." Повеќе информации за GFF ќе најдете на Lyoness-GFF.org.
* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.