Cashback & Shopping Points

  • 2% + 1,5 по 6500 MKD Купување
  • ПРИФАЌА Online продавница

Контакт

  • Контакт
    тел: +389 2 30 900 67
  • Важно!
    Пред да направите купување ве молиме проверете дали вашиот пребарувач е соодветно подесен за cookieѕ. Сите информации во врска со Online Shopping ќе ги пронајдете во FAQs!
  • ID на Трговски Партнер
    369000156

Услови


Предности следуваат за нарачки направени онлајн и платени еднократно (не на рати или во банка).

За секоја нарачка под МКД 1000 се наплаќа испорака (на трошокот за испорака не следуваат предности туку само на износот на купувањето). Кај овој Трговски партнер, ќе се земе бруто вредноста на Вашето купување како основа за пресметката на Вашите предности од купувањето.

Опис

Адванс Медија е фирма чија дејност е продажба на производи и услуги од доменот на електрониката, компјутерската опрема и бела техника. Адванс Медија е основана од страна на Орце Еленов и досега нуди голем број артикли од квалитетни и докажани брендови на нашиот пазар како што се: Nikon, Sony, Siemens, Vivax, Vinchi, Toshiba, HP, Lenovo, Logitech, Canon и многу други. Покрај продажба, нудиме и бесплатна испорака на набавените производи до нашите клиенти и тоа низ целата територија на Р. Македонија. Адванс Медија има склучено договор со сите банки во Република Македонија, со што нуди сигурно и безбедно купување како и купување на 6, 24, 36 и 48 рати со потрошувачки кредит или со платежна картичка. Нашиот тим е составен од млади и амбициозни луѓе, кои придонесуваат за иновативен и креативен пристап на нашиот пазар како и присутност преку техничката поддршка што ја нудиме во секое време преку нашата веб продавница.

МИСИЈА

Како прва интернет продавница од овој тип Адванс Медија има за цел да стане бренд препознатлив на пазарот по професионалната услуга што ја нуди на своите клиенти и квалитетни производи по најдостапни цени. Со оглед на фактот што функционираме во време кое наметнува брзо темпо на живеење и имаме голем број на обврски кои одземаат значителен дел од слободното време, идејата на Advance Media е да го поедностави секојдневието и да овозможи времето потрошено за купување да се сведе на минимум, а сепак задоволството од услугата и производот да останат на високо ниво.

* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.