Cashback & Shopping Points

  • 2% + 1,5 по 6500 MKD Купување
  • ПРИФАЌА Cashback - картичка B2B

Контакт

Опис


Симт е фирма која веќе над 20 години има искуство во областа на информацискиот инженеринг,консалтинг,изведба и имплементација на решенија. На секое поле располагаме со високо квалификуван кадар кој работи на планирање, дизајнирање, имплементација, мониторинг и изведување на проекти.Покрај тоа што фирмата располага со 20 редовно вработени, за потребите на разни проекти дополнително ангажира и еминентни експерти од земјата и странство.
По завршениот проект и имплементираното решение Симт практикува редовно одржување што го извршуваат вработените од нашата фирма. Тоа опфаќа и интервенции на опремата/софтвер на лице место или во просториите на нашата компанија во гарантен и вонгарантен период, во зависност од реалните потреби на корисникот. Земајќи ги во предвид барањата на корисниците и следејќи ги современите тенденции нашата компанија има воведено систем за 12-часовно одржување .
Во рамките на проектите за Национално Биро за Осигурување-НБО и за Јавно Претпријатие Македонски Шуми-ЈПМШ ,Симт располага и со Help Desk кој работи 12 часа дневно ,6 дена во неделата.
Профил на СИМТ
Нашата експертиза може да ја понудиме во следниве области:
 Проектирање, изведба и одржување на информациски системи
 Информациски инженеринг
 Проектирање и имплементација на комплетни информатички системи
 Проектирање, изведба и одржување на компјутерски мрежи
 Проектирање и изведба на безбедносни системи
 Проектирање, изведба и одржување на телекомуникациски решенија:
 Проектирање, изведба и одржување на енергетски решенија
 Проектирање, изведба и одржување на решенија од областа на индустриската автоматика
Проектирање, изведба и одржување на целосни решенија од областа на индустриски метал-детектори
Набавка, дизајнирање, изведба, инсталација, пуштање во работа и одржување на хидрометеоролошки системи и решенија

* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.