СПЕЦИЈАЛ од 1989

Cashback & Shopping Points

  • 1% + 1 по 6500 MKD Купување
  • ПРИФАЌА Cashback - картичка B2B

Контакт


Опис

СПЕЦИЈАЛ е пекарско-слаткарска фирма со 28 годишна традиција и искуство во овој сегмент од приватниот бизнис. Ангажирани се 200 вработени со соодветни квалитети кои им овозможуваат навремено и квалитетно да ја завршат работата притоа почитувајќи ги соодветните зададени задачи. Со цел производите навремено и квалитетно да се произведат и достават до потрошувачите работата е професионално организирана во сите сегменти. 

Производството се изведува во седум пекари со обезбеден магацински простор каде соодветно обучени работници ги произведуваат производите притоа користејќи современи машини и опрема. 

Фирмата соработува со повеќе деловни партнери кои ги сабдува со лепеза на производи. Сите производи соодветно се пакуваат во зависност од производот кои потоа со сопствен возен парк се дистрибуираат до потрошувачите. Веруваме дека квалитетот на нашите производи е резултат на комбинација од традиција и користење на современи технолошки процеси. Со цел да се биде во чекор со најновите достигнувања во пекарскиот бизнис се инвестира не само во техничко-технолошките аспекти од работењето туку и во обучување на работниот кадар преку посета на семинари и секаков вид на методи за нивно работно и стручно издигнување. 

Разновидниот асортиман се состои од повеќе од 200 производи направени од рацете на луѓе кои со својата професионалност, талент и преданост придонесуваат да Специјал добие препознатливост, “brand name”, синоним за квалитет, а довербата што ја добиваме од потрошувачите е показател дека Специјал добива примат на омилено место каде може да се ужива во вкусовите на нови егзотични пекарски и слаткарски изненадувања. 

Нашата бизнис соработка со деловни партнери од Хрватска, Италија, Грција е доказ за нашиот сериозен и крајно професионален пристап во работењето. Наша цел е да создадеме бренд кој на секое поле би бил компатибилен со европските стандарди и принципи. Наша интенција е да бидеме окарактеризирани како една од ретките македонски фирми која може да се пофали со свој уникатен производ кој со своите специфичности би бил препознатлив и поразличен од конкурентните. 

* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.