Cashback & Shopping Points

  • 1% + 1 по 6500 MKD Купување
  • ПРИФАЌА Cashback - картичка B2B

Контакт


Опис


Туристичка агенција Стаф постои на македонскиот пазар од 2014год. со канцеларија во Скопје.Нашата цел секогаш да обезбедиме квалитет и комплетно доживување по најповолни цени е она што најмногу не разликува од останатите. Секогаш се стремиме во аранжманите да вклучиме што повеќе услуги, а да не постојат скриени трошоци! За време на групните патувања секогаш е присутен организатор на патувањето и професионален пратител од агенцијата, достапен за своите гости 24/7.
Групни патувања на разни дестинации се организираат во текот на целата година, за време на викенди, празници, зимски одмор и летен одмор.
Освен групни патувања како летување, зимување, празнични и викенд тури низ Европа, организираме и индивидуални патувања.
Користејќи го сопственото искуство како работното и личното, нашиот професионален тим е подготвен да одговори на вашите индивидуални барања во секое време.
При организација на приватни или деловни патувања, Т.А СТАФ може да посредува и организира се од резервација на авионски билети, хотелско / апартманско сместување, трансфер, па се до реализација на патувањето што подразбира креирање на предлог програма осмислена според вашите специфични барања и секако планираниот буџет.
Особено сме посветени на индивидуалните барања од нашите клиенти и при организацијата секогаш се стремиме кон максимална заштеда и секако квалитетна понуда.

Освен ова организираме и групни патувања со затворена група, доколку вашата компанија сака да организира настан семинар или одредена дружба на вработените.
Lyoness предностите не важат за аранжмани кои подлежат на попуст, како и на аранжмани со Early Booking и last minute цени, аранжмани за кои ТА Стаф е посредник, за авио билети и за индивидуални патувања.
 Овие предности важат за групни патувања во сопствен закуп на ТА Стаф, односно кога ТА Стаф се јавува како организатор и реализатор на патувањето.
Зошто да ни ја подарите вашата доверба?
Нашиот тим го претставуваат млади и ентузијасти професионалци со повеќегодишно искуство во организација на активности од различни вид.
Нашиот пристап е индивидуален и личен кон секој клиент посебно.
Мотивацијата на нашите вработени ни овозможува да бидеме флексибилни и ефикасни во комуникацијата, како со клиентот така и со добавувачите.
Наша најпрепознатлива карактеристика е вниманието на деталите: нашето искуство и широка мрежа на контакти не обврзуваат да обезбедуваме единствено високо квалитетна услуга.
Ние умееме да реагираме брзо во непредвидените ситуации и да се соочиме со предизвиците.
Дозволете ни да го направиме вашето патување за паметење. Ве очекуваме!!!

* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.