Cashback & Shopping Points

  • 2% + 2,5 по 6500 MKD Купување
  • ПРИФАЌА Cashback - картичка B2B

Контакт


Опис

Книжарницaта Херби располага со широк асортиман на канцелариска опрема и канцелариски мебел кој е целосно прилагоден за потполно да ги задоволи Вашите потреби. Располага со разновиден вид на школски материјали, белетристика и стручна литература.

Херби книжарница со задоволство сака да Ви презентира нешто ново. За прв пат во Македонија започнуваме проект на приближување на стручна, пред сѐ стоматолошка литература на сите кои се занимаваат со стоматологија. Покрај стручна литература од областа на стоматологија, Ви нудиме и стручна литература за спорт и медицина. Голема сатисфакција е што го започнуваме нашиот проект за ширење на културата на добра стручна книга и што уште на почетокот наидуваме на позитивни реакции кај стоматолошки и медицински образовни иституции и релевантни стоматолошки и медицински друштва и здруженија.
Целокупната понуда може да ја најдете во нашата книжарница, како и во книжарниците на нашите партнери, а исто така и на нашата веб страна. Во интерес на унапредување на нашата соработка, континуирано работиме и на развој на интернет порачки – важен исчекор за полесно и побрзо купување на нашите книги.

Херби книжарницата врши увоз и на машини за вкоричување, спирали, пвц фолии, машини за уништување хартија, ламинатори, секачи и уште многу други работи наменети за копирници и канцеларии. Вршиме продажба на мало и на големо. Целиот асортиман и цените може да ги видите на нашиот веб сајт.

Искористете ја предноста на модерен книжарски сервис кој го нудиме.
Ве повикуваме на поширока соработка, размена на идеи и заедничка работа.
 

* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.