ТРИМАКС КНИЖАРНИЦИ

Cashback & Shopping Points

  • 2% + 2,5 по 6500 MKD Купување
  • ПРИФАЌА Cashback - картичка B2B

Контакт


Опис


Тримакс Издавачката куќа и Книжарници е фирма која е основана во 2000 година. Нашата издавачка куќа е специјализирана за изработка и печатење на патни и туристички мапи, патни атласи и туристички водичи, ѕидни географски и историски школски карти, географски и историски атласи, издавање на учебници, работни тетратки, книги и детска литература (едукативни детски работенки и книги). 
Дистрибуцијата и продажбата на нашите производи, како и производи од поширок карактер се врши преку нашите шест книжарници како и преку книжарници во земјата.
Исто така имаме и интернет продажба преку нашата веб- страна www.trimaks.mk. Тука можат да се нарачаат нашите производи во нашата земја, па и надвор од неа.
Тримакс е фирма со традиција, соработуваме со многу фирми и Министерства во Скопје и Македонија. Нашите производи се познати во целата земја, па и надвор од неа.
Тримакс книжарниците се секогаш снабдени со широк асортиман на школски и канцелариски материјали, книги, мапи и туристичка програма.

Тримакс има шест продажни места во Скопје:

   -  Книжарница бр. 1 се наоѓа во трговскиот центар Скопјанка,
   - Книжарница бр. 2 се наоѓа спроти студентскиот дом Пелагонија во Кисела    Вода,
    - Книжарница бр. 3 се наоѓа близу расадникот во третата кула во Кисела Вода,
    - Книжарница бр. 4 се наоѓа на плоштадот Македонија, спроти кафулето Тренд во центарот на градот Скопје.
    - Книжарница бр. 5 се наоѓа во Ново лисиче до поштата.
    - Книжарница бр. 6 се наоѓа во Капиштец во близина на Агенцијата за вработување.
 
Со оглед на потребите во секојдневното работење ги нудиме и следните фотокопирни услуги:
- Фотокопирање
- Печатење од USB, CD, E-mail и Facebook 
- Скенирање 
- Вкоричување
- Праќање E-mail,  
- Куцање текстови,
- Пластифицирање. 

* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.