Cashback & Shopping Points

  • 3% + 3,5 по 6500 MKD Купување
  • ПРИФАЌА Cashback - картичка B2B

Контакт

Опис

Посветеност кон обезбедување на највисоко ниво на квалитет на офсет печатот е еден од клучните фактори во нашиот успех. Иако постојат сигурно многу офсет печатарски компании денес, ние во Винсент Графика се стремиме да им обезбедиме на клиентите најдобар квалитет, нудејќи поголем избор и со тоа за нив Винсент Графика е печатница број еден.

Предпечат - Дизајн - Подготовка

Винсент Графика користи најнови верзии на програми кои се користат за компјутерска подготовка пред печатење. Ние користиме софтвер и колор карти кои овозможуваат прецизирање и добивање на бои кои ќе ги задоволат Вашите барања. Вашите барања и нарачки можете да ги правите преку Интернет.
Печатeње

Работиме со Хајделберг печатарски машини, во 2 смени. Винсент Графика има машинско одделение со голем капацитет за да одговори на Вашите рокови или итни проекти. Печатењето се врши на материјали и бои со висок квалитет.
Книговезница

Поседуваме опремена книговезница. Во прилог на стандардните книговезачки услуги, ние се специјализиравме во изработка на брошури со секаков вид на преклопи (превиткувања). Автоматскaта опрема ни овозможува да одговориме на потребата за брза изработка.
 

* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.