Cashback & Shopping Points

  • 2% + 1 по 6500 MKD Купување
  • ПРИФАЌА Cashback - картичка

Контакт


Услови


Членските Предности на Lyoness се валидни исклучиво за физички лица (B2C).

Членските Предности се однесуваат следните продукти:
- Осигурување од одговорност од употреба на моторни возила (Авто-одговорност)
- Меѓународна зелена карта (Зелен картон)
- Осигурување на моторни возила – каско
- Здравствено патничко осигурување
- Осигурување на имот од пожар и природни непогоди
- Домаќинско осигурување

Членските Предности на Lyoness се валидни за сите горенаведените полиси купени директно од експозитурите на Триглав Осигурување АД, нивните застапништва како и овластените агенти на Триглав Осигурување АД.

*Напомена:
Членски Предности нема да бидат евидентирани за полиси купени од брокерските куќи кои продаваат полиси во име на Триглав Осигурување АД (станува збор за засебни правни субјекти кои не се предмет на заедничкиот договор).

Опис

„Градиме безбедна иднина“. Мисијата ја остваруваме врз основа на нашите вредности, а тие се: стручност, безбедност, одговорност, едноставност и современост. Нашите вредности се дел од нашата корпоративна култура и секојдневно ги остваруваме во меѓусебните односи со средината. Нѐ водат и нѐ поврзуваат, а истовремено се значаен дел од нашата препознатливост.

Триглав Осигурување е дел од Групацијата Триглав, најголемата осигурително-финансиска групација во ЈИ Европа. Таа е водечка осигурителна компанија за неживотно осигурување, со повеќе од 260 вработени и продажна мрежа со повеќе од 48 локации. Триглав обезбедува комплетна и навремена осигурителна услуга со врвен квалитет, а потврда за тоа се резултатите што компaнијата ги постигнува секоја година, како и истражувањата, според кои пазарот го оценува „Триглав“ како компанија која што нуди највисок квалитет, финансиска сигурност и доверливост, како и најдобра вредност. 

Во Триглав Осигурување посветено работиме на постојано подобрување на организацијата, процесите и процедурите, квалитетот на производите и услугите, односите со клиентите и деловните партнери. Сметаме дека перцепцијата за компанијата, како и нејзиниот одржлив развој во најголема мера  се во рацете на самите вработени и зависат од нивните вредности, експертиза и волјата за учење. Триглав Осигурување е пазарен лидер со прогнози за раст и углед на стабилна финансиска организација, што е само еден од показателите дека ги применуваме корпоративните стандарди и вредности на Групацијата на која што припаѓаме, секако прилагодени на македонскиот пазар и менталитет.

* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.