Cashback & Shopping Points

  • 1% + 1 по 6500 MKD Купување
  • ПРИФАЌА Cashback - картичка

Контакт


Опис

 

РИМЕС повторно стартуваше со производство и со отворање на нови месарници

Месната индустрија Римес на стартот од 2015 година повторно го стартуваше производство со нов сопственик, инвеститор сега под името РИМЕС МС ГРОУП. По повод 20 годишнината од постоењето на Римес и инвестициите од страна на новите сопственици на потрошувачите им се нуди можност повторно да набават свежо месо и готови месни производи со најконкурентни цени во согласност со квалитетот.

Месната индустрија Римес стартуваше во далечната 1995 година. Основната дејност е производство на финални производи од месо. Квалитетот на производите, деловната политика, инплементирање на светски признатите стандарди, современиот технолошки пристап, спој на традиционалните и новите вкусови, високо стручниот кадар и контролата на квалитет успеавме да стекнеме лојлани потрошувачи во земјата и странство.

Компанијата е една од најкапацитетните фабрики за преработка на месо и месни производи во Македонија. Основа за производството претставува високо квалитетна суровина од свежо месо, стручно и педантно сортирано според потекло и квалитет. Во однос на асортиманот Римес ќе ги произведува сите типови на месо што досега се произведуваа, како и дополнителни стандардни месни производи барани од потрошувачите во Македонија. Во блиска иднина се планира и воведување на месни производи изработени по пат на природни производни процеси, без присуство на адитиви, конзерванси и други неоргански состојки.

За само 3 до 4 месеци отворивме 9 месарници и со еден супермаркет партнерски соработуваме. Отворивме модерни месарници во Гевгелија, Драчево, Автокоманда, Аеродром - Бисер, Бутел- Зелен пазар, Карпош - ул. Рузветова, Тетово, Битола. Исто така се планира отворање и на многу други месарници се со цел потрошувачите да бидат што поблиску до кавалитетно и свежо месо од Римес. Уште од самиот старт се обезбедува највисоко ниво на хигиена и професионална услуга. Потеклото на свежото месо е со гарантирано потекло од фармите и кланиците на Серта Компани, компанија која е најголем извозник од Македонија на свежо јагнешко месо, во земјите на ЕУ и регионот. Редовната понуда на свежо месо со гарантирано потекло и со посебен акцент на здраствената исправност ќе ги оправда вкусовите и на најпребирливите потрошувачи.

Следејќи ги желбите, сугестиите, грижата, квалитетот, 20 годишната традиција и деловноста, Римес на македонските потрошувачи да им ја нуди можноста да ги конзумираат најдобрите производи од месната идустрија по конкурентни цени.

* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.