Cashback & Shopping Points

  • 1% + 1 по 6500 MKD Купување
  • ПРИФАЌА Cashback - картичка

Контакт


Услови


- Процесот на купување за добивање на Lyoness предности, како и детално објаснување, ќе пронајдете во прикачениот .pdf документ во ,,корисни информации".
- Бидејќи функционира на систем eJournal, а не на VTERM, не пристигнува SMS порака при купувањето како што е кај малите и средни претпријатија. Поради тоа, купувањето се регистрира и е видливо во Вашата онлајн канцеларијата наредниот ден откако е извршено.
- Lyoness предностите се валидни со сите видови на плаќање освен на договори по фактура.
- Ве молиме Вашата Cashback картичка да ја приложите пред затварањето на сметката.

Опис

Работни места за речиси 900 граѓани, поттикнување на голем број домашни производители и понуда на артикли со врвен квалитет, се само дел од достигнувањата на „Веро“ кој годинава прославува 19 години на постоење на нашиот пазар. Компанијата пред точно 19 години беше пионер во својата дејност во земјава, а сега има голема група лојални потрошувачи кои редовно купуваат во седумте маркети во Скопје, двата во Битола и едниот во Тетово. Велиме дека успехот се должи на постојаната посветеност во работата, на функционирањето според европски стандарди и на следењето на потребите на потрошувачите. Компанијата годинава го смени слоганот во „Сè на едно место“, но ја има истата мисија – на потрошувачите да им овозможи да го добијат најдоброто по прифатлива цена.

Веро супермаркетите нудат асортиман од над 35.000 производи со гарантирано контролиран квалитет. 90% од асортиманот на производи е од домашни добавувачи или производители, а 10% се производи од увоз.
Вкупната површина на Веро супермаркетите изнесува 20.000 М2, со работна сила од над 900 вработени.

Покрај нашата јасна определба за дефинирање и задоволување на потребите и желбите на нашите потрошувачи, важни компоненти за нас претставува работењето на вработените и партнерскиот однос со корпоративниот свет. Континуираното едуцирање и здобивање со практично знаење на персоналот е со цел обезбедување и постојано подобрување на квалитетот на Веро услугите за сите потрошувачи.
Идните планови на Веропулос кои се однесуваат на ширење на синџирот и отварање на супермаркети во сите поголеми градови во земјата, гарантираат и отварање на нови работни места.

Маркетите на „Веро“ се места каде потрошувачите можат да најдат широка палета на производи и услуга со врвен квалитет. Но менаџерите посочуваат дека подобрувањето е процес кој постојано трае во компанијата така што купувачите и во иднина може да очекуваат многу нови понуди и акции специјално дизајнирани според нивните желби и потреби.

* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.